Македонија

Македонските домаќинства спаднаа на три члена

Според податоците од Пописот 2021, просечниот број на членови по домаќинство изнесува 3.07, а над една четвртина од домакинствата се со 2 члена

Во 1931 година едно просечно македонско домаќинство броело повеќе од 5 члена, а веќе во 1971 бројот паѓа под 5 члена.

Во 1991 година, просечно македонско домаќинство брои 4 члена. Оттогаш наваму бројките покажуваат дека домаќинствата имаат сѐ помалку членови, пишува Фактор.

Домаќинството е економска категорија и се дефинира како група од лица што живеат заедно, во ист стан и заеднички ги трошат своите приходи. Домаќинствата како што наведува Државниот завод за статистика(ДЗС), можат да бидат самечки или повеќечлени. Тие можат да бидат семејни (едно или повеќе семејства), несемејни (составени од лица што не се во семејни релации) или комбинирани (составени од лица што формираат семејство и лица што не се членови на семејството).

Демографот Дончо Герасимовски за Фактор вели дека тој податок дека домаќинствата имаат во просек по 3 члена сепак укажува на лошата демографска состојба.

Пред неколку децении имало повеќедетни семејства со 8 или 9 деца, но од година во година сѐ помал е бројот на семејства со по 5 деца.

Герасимовски наведува неколку причини за тоа како стареење на населението, младото население се иселува, а бројот на живородени деца наместо кај нас да се зголемува, се зголемува надвор од границите на државата.

Најголем број на семејства се со 1 или 2 деца.

Бројот на бракови се намалува, и тоа автоматски влијае на бројот на деца.

Подоцна се склучуваат браковите, вели , меѓу другото Герасимовски.

Најнови вести од: Македонија

Петрушевски: Владата нема да прифати ниеден илегален мигрант, ниту постои план за изградба на шатори, кампови или центри

„Идеолошка профилација на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија е дека апсолутно сме за борба против илегалната миграција, а не за либерализација на мигрантите, нешто што било својствено за одредени политички партии. Ние апсолутно немаме никаква намера да прифатиме никакви илегални мигранти. Апсолутно е лага дека ќе се градат било какви шатори, кампови, центри. Ова прашање е регулирано и во Договорот за стратегиско партнерство со Велика Британија.“ – нагласи пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Бране Петрушевски во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма.

To top