Во чeст на 35 годишнината на независноста, македонското знаме денеска свечено се крена над Њујорк.
Традиционалната церемонија се одржа во финансискиот центар на Њујорк, пред познатиот споменик на разјарениот бик.
Претставници на Обединетата Македонска Дијаспора, која го организираше настанот, се заблагодарија на десетиците Македонци кои дојдоа и покрај лошото време и најавите за бура.


-Со овој гест сакаме да го потсетиме сите дека сме тука и дека нема да не снема. Како времето денес, имавме 35 тешки ходникот, во кои се обидоа да не избришат, но не им успеа и уште сме тука. Задачата на ОМД е да ги собере Македонците, бидејќи сме посилни кога сме заедно – изјави за МИА Арџи Белио од Обединетата Македонска Дијаспора.
Свеченоста беше одбележана со изведба на македонската и американската химна, како и со настап на пејачка Андријана Јаневски, која го изведе хитот Земјо Мила.