Македонија

Максим Димитриевски пак ќе се кандидира за градоначалник на Куманово

Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор Филков вели дека кандидат за Куманово на престојните локални избори одново ќе биде актуелнииот прв човек Максим Димитриевски. „Во моментот преговорите (за настап на локалните избори) се во тек. Но она што можам да го повтврдам сигурно е дека ние ќе имаме кандидат во градот Куманово, тоа е […]

Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор Филков вели дека кандидат за Куманово на престојните локални избори одново ќе биде актуелнииот прв човек Максим Димитриевски.

„Во моментот преговорите (за настап на локалните избори) се во тек. Но она што можам да го повтврдам сигурно е дека ние ќе имаме кандидат во градот Куманово, тоа е нашиот претседател Максим Димитриевски. Ќе имаме најмалку едно градоначалничко место во општините во Град Скопје, но и други места ширум републиката за кои се уште траат преговорите“, рече Филков во одговор на прашањето дали се преговара со ВМРО-ДПМНЕ за зааеднички настап на локалните избори.

Во однос на тоа дали ЗНАМ би поддржала една изборна единица, тој истакна дека се подготвени веднаш да одат на избори по било кој модел.

„Ние како ЗНАМ сме подготвени уште утре да има избори, сеедно со било каков модел. Со ова рапидно растење, со ова пристапување на членови и потенцијал, може и во недела да излеземе на избори со било кој модел#, рече Филков на денешната прес-конференција на која инфомираше за формирање на градската организација на ЗНАМ во Скопје.

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top