Македонија

Малинка Јорданова: Писмо не ја решава сложената ситуација со ЕУ интеграцијата

Малинка Ристевска-Јорданова, експертка за евроинтеграции и поранешна директорка на Институтот за европска политика (ЕПИ), во изјава за „Локално“ ја критикува предлог-резолуцијата на СДСМ

Малинка Ристевска-Јорданова, експертка за евроинтеграции и поранешна директорка на Институтот за европска политика (ЕПИ), во изјава за „Локално“ ја критикува предлог-резолуцијата на СДСМ за деблокирање на европскиот пат на Северна Македонија, истакнувајќи дека таа содржи внатрешни противречности.

Предлог Резолуцијата се сведува на тоа да се легитимира она што го направи претходната влада, прифаќајќи го францускиот предлог и да се ‘протуркаат’ што поитно уставните измени, кои само ќе создадат нови услови и основи за блокади. Не се предлагаат нови механизми за да се подобри македонската позиција.Со писмо оваа сложена ситуација не се решава. Залагањето за реформи и отчетност пред Собранието секако се позитивни, но и тука работите се измешани – на пример Реформската агенда е еден посебен инструмент, кој треба да биде комплементарен, но во никој случај не треба да се идентификува со преговарачкиот процес за пристапување во ЕУ.“

Според неа, недостигот од консензус меѓу главните политички партии ја ослабува позицијата на земјата во преговорите со ЕУ и ги продлабочува внатрешните општествени поделби.

Најнови вести од: Македонија

Претседателката се сретна со граѓани во Народната канцеларија

Дел од граѓаните укажале на тешкотиите и неправдите при обидите за вработување, за примерите на потценување на стручноста и компетентноста и преценување на фамилијарната, политичката и партиската припадност

(Видео): Вистинските патриоти се борат и победуваат, рече премиерот од Вашингтон и порача дека нема план за повлекување од разговорите со Бугарија

Премиерот Христијан Мицкоски најави можност за пренамена на капацитетите на термоелектраните во Битола, од јаглен на гас, во рамки на плановите за развој на гасната инфраструктура.

Спасовски да ги изнесе обвинувањата против мене надвор од Собранието и да приложи докази, рече Митева по низата обвинувања

Пратеничката Марија Митева реагира на изјавите на Оливер Спасовски од собраниската говорница, обвинувајќи го дека нејзиното име го поврзува со политички конструкции со цел да ја дискредитира.

ОМО Илинден – Пирин до Јотова: Не ни недостигаат никакви документи за регистрација, бугарските судови постојано измислуваат нови барања!

Сопретседателот на Организацијата на Македонците во Бугарија ОМО Илинден – Пирин Стојко Стојков ги отфрла тврдењата на бугарската потпретседателка Илијана Јотова дека при обидите за регистрација на здружението недостигаат документи. Тој тврди дека организацијата ги исполнува барањата, но судовите секогаш наоѓаат нови забелешки.

To top