Македонија

Манасиевски: Бугарскиот амбасадор во Македонија Филипче и натаму работи за бугарските интереси и молчи за моштите на Цар Самуил!

„Филипче агитира директно за Бугарија, со тоа што ги застапува бугарските позиции, наместо македонските позиции!“ – нагласува портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Валентин Манасиевски

Натаму гласноговорникот на владејачката македонска партија истакнува: Филипче секојдневно вели Бугарите во Устав, па се друго. Ова е истиот став на оној кој го има и соседна Бугарија. Филипче и неговиот ментор Заев, велеа дека Бугарите биле ослободители, а не фашисти во втората светска војна, односно дека биле администратори и дека македонскиот јазик е од 1944 година, а нашата држава дека била создадена благодарение на комунизмот.

Филипче периодов молчи и за пренесувањето на таканаречените мошти на Цар Самуил во Бугарија. Молчи затоа што со неговиот ментор Заев преку историската комисија се откажаа од него уште во првиот момент, без размислување.

Замислете на што сѐ е подготвен да направи Филипче за пуста власт: од стабри здравство, до марихуана економија и капитулација на идентитетот и интегритетот на Македонија.

Затоа, претседателот Мицкоски и Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, заедно со граѓаните, ќе го зачуваат она достоинство, кое Филипче и Заев не успеаја да го допродадат. Заедно ќе успееме, порача портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Валентин Манасиевски.

Најнови вести од: Македонија

Ахмети: Балканските криминалци соработуваат, но не и политичарите

„Трагедијата е во тоа што народите и политичарите кои ги претставуваат – и Македонците, и Албанците, и Србите – не успеваат да соработуваат за да изградат мирен Балкан и посигурна иднина за сите нас“, вели лидерот на ДУИ

Аларм: Секое 10-то дете во Македонија изложено на сексуална злоупотреба на интернет

Секое десетто дете во Македонија на возраст од 12 до 17 години коешто користело интернет било изложено на сексуална експлоатација и злоупотреба. Станува збор за околу 12.000 деца, бројка што ја потврдува и последното истражување на УНИЦЕФ.

(Видео): Проблемот со кравите во Крива Паланка стигна до Обвинителството – Општината поднесе кривични пријави

Крива Паланка, заедно со жителите од засегнатите села, поднесоа неколку кривични пријави до Обвинителството поради институционално непостапување по извршни решенија за одземање на добитокот што слободно шета во градот и пошироко.

To top