Македонија

Марта Кос да направи мал чекор за деблокада на патот кон ЕУ

Во пресрет на посетата на Марта Кос на Македонија, Демократскиот сојуз ја повикува ЕУ да ги деблокира евроинтеграциските преговори на Македонија, бидејќи тоа е во интерес и на Македонија и на ЕУ.

 

Демократскиот сојуз од Еврокомесарката Марта Кос бара да направи мал чекор за деблокадата:

Прво, да предложи Советот на ЕУ да донесе заклучок дека идентитетските, историските и јазичните прашања не можат да бидат основа за блокада на евроинтеграциите.

Второ, Советот на ЕУ да  донесе одлука дека Македонскиот јазик, по приемот на Македонија во ЕУ, ќе биде официјален (службен) јазик во ЕУ.

Трето, ЕУ да ја обврзе Бугарија да ги имплементира одлуките на Меѓународниот суд за човекови права од Стразбур, за Македонците во Бугарија да можат да се здружуваат за заштита на своите историски, идентитески и јазични обележја.

Подолго време има изјави од претставници на ЕУ и Бугарија дека внесувањето на Бугарите во Уставот е последно барање, дека Македонскиот јазик е загарантиран, тоа го тврдат функционерите на СДСМ  и дека идентитетските прашања не се дел од Преговорачката рамка.

Само да разјасниме, во Преговарачката рамка никаде не е спомнат Македонскиот јазик, освен дека преводот на директивите на ЕУ ќе се врши на Македонски јазик (тоа и досега се прави), а со годишните прегледи (протоколи) кои се дел од Преговорачката рамка, се отвораат идентитетските прашања, како и со договорот за добрососедски односи помегу Македонија и Бугарија .

Деблокадата е можна и зависи од ЕУ, а не од Македонија.

Во Македонија постои и политички и граѓански консензус за полноправно членство во ЕУ. Тоа е наш национален интерес, соопштија од Демократскиот сојуз.

Најнови вести од: Македонија

90 години од смртта на Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

На денешен ден, 4 април 1936 година (пред 90 години) во Тарту, Естонија почина Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

Третманот со ефикасна терапија и поголемиот буџет за Онкологија го продолжува животот на пациентите со рак

Се зголемува животниот век на пациентите со три вида рак – на дојка, на бели дробови и на кожа (меланом) за разлика од пред неколку години кога смртноста беше поголема, што се должи на поквалитетен третман, нови лекови и поголем буџет за лекување односно поголемо издвојување по пациент на Клиниката за радиотерапија и онкологија

(Видео): Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните ја платија цената, рече Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција порача дека со денешната најава на премиерот Мицкоски за намалување на акцизата, владата призна дека СДСМ бил во право, но предоцна се реагира.

(Видео): Инфлацијата се движи помеѓу 4% и 5%, ребалансот на Буџетот ќе се носи еден месец порано, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски очекува инфлацијата во земјава да се движи меѓу 4 и 5 проценти, нагласувајќи дека владините мерки имаат за цел да спречат повторување на ценовниот шок од 2022 година.

(Видео): Образовен институт регистиран во обложувалница, работел со два душека и две столчиња, рече Јаневска

Станува збор за институции кои досега имале право да издаваат дипломи признати и во државата и во странство, што според Јаневска, отвора сериозни прашања за квалитетот и легитимноста на високото образование.

To top