Македонија

Меџити на чаирчани им ветува Младински центар

Ќе го трансформираме Чаир во дом на нови идеи, каде што младите се развиваат и напредуваат

Младинскиот центар, современ простор за креативност, знаење и иновации, е капитален проект кој ќе им служи на младите од Чаир, објави на Фејсбук кандидатот за градоначалник на Чаир, Изет Меџити.

Тој вчера, заедно со професорот Аритон Рама, кандидат за општински советник во Чаири, го претстави Младинскиот центар, еден од најважните и најомилени проекти за иднината на Општината.

„Центарот ќе биде повеќе од зграда, бидејќи ќе биде срцето на развојот на младите, каде што нашите млади ќе учат, создаваат и ќе придонесуваат за изградба на модерно, дигитално и прогресивно Чаир.

Неговите четири столба ќе бидат: Библиотека и сала за предавања – за знаење и културни настани. Дигитален центар и лабораторија за вештачка интелигенција – за обука за програмирање и поддршка за младински стартапи. STEM академија – за технологија, наука, уметност и математика. Креативни и театарски простори – за слободно изразување и културни активности.

Нашите млади луѓе имаат идеи, страст и потенцијал, а наша должност и одговорност е да им изградиме услови и простори што ги заслужуваат.

Чаир е студентски град, а сега ќе стане и центар на иновации и младинска енергија. Ова е нашиот пат кон иднината! – напиша Меџити на Фејсбук.

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски побара од Бугарија, како НАТО-партнер, да ѝ го испорача осудениот Михаилов, баран со потерница, кој се појавува на протести во Софија!

„Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството.“ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со Симеон Михаилов. Михаилов е осуден на 12 години затвор во Македонија, но избега пред да ја отслужи казната. Тој сега се појавува на бугарски телевизии и на протести во Софија, од каде што ја брани неговата ќерка Ива Михаилова, на која ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со еден загинат.

Мицкоски: Ќе продолжиме да ги решаваме проблемите на граѓаните, затоа ја добивме довербата од нив!

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање денеска при претставување на „Градскиот воз“ истакна дека и покрај сите предизвици во Европа како наш најголем трговски партнер, сепак трендот на раст на бруто-домашниот производ се очекува да продолжи и оваа година и  да изнесува некаде меѓу 3,5 и 4% проценти.

„Н.М.“: Македонија има причина да биде во Европа, со свој идентитет и јасно дефинирани македонски интереси, но не безусловно!

Исландскиот референдум не треба да биде лекција против Европската Унија, туку лекција за самодоверба во преговорите. Исланѓаните не рекоа: „ЕУ не ни треба“. Тие рекоа: „Ние ќе одлучиме кога, како и под кои услови ќе разговараме за нашата иднина“. Тоа е демократска зрелост. И токму таква зрелост ѝ треба на Македонија. Не да му каже „не“ на Брисел. Но ниту автоматски да кажува „да“ на секое барање. Туку да научи да кажува: „Ова е нашиот интерес. Ова можеме да го прифатиме. За ова можеме да преговараме. А ова не можеме да го прифатиме“. И тоа да го каже аргументирано, мирно и европски. Ова се нагласува во анализата со наслов „Македонија има причина да биде во Европа, но како своја и со својот изворен идентитет и карактер“, која е објавенма денес „Нова Македонија“.

To top