Македонија

Меџити: Таравари веќе не знае во која коалиција и со кого е

Не ВРЕДИ, туку лидерот на Алијансата за Албанците е на пат да исчезне

 

Првиот вицепремиер, Изет Меџити реагираше на изјавата на Арбен Таравари, според кој коаицијата ВРЕДИ „нема да постои по изборите“.

Меџити вели дека самиот Таравари повеќе не знае на која коалиција припаѓа.

„Таравари заборава на која коалиција ѝ служи бидејќи често ги менува позициите.

Исто така, го збунува членството, тие не знаат дали се за промени или за минатото.

Дали се со ВРЕДИ или со ДУИ. Разбирам, тој дури нема ни партиски печат.

Но, двајцата знаеме едно.
Тој е на пат да исчезне, изјави Меџити.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: СДСМ да го повика избеганиот ексдиректор на ЕСМ Васко Ковачевски да се врати во РМ и да се соочи со правдата!

Премиерот Христијан Мицкоски очекува од СДСМ да се однесува критички како сега, но и кога високи функционери од претходната Влада на СДСМ, поранешни премиери, претседатели на Влада, нивни блиски од семејството и така натаму, ќе бидат опфатени со одредени прогони. Мицкоски oчeкува СДСМ да го повика избеганиот поранешен директор на ЕСМ Васко Ковачевски да се врати во земјава и да се соочи со правдата.

Потреба за самозаштитна „македонска геополитика“ на „мрежи на врски и приспособливи партнерства“ со држави ширум светот, заради запазување на државно-националните интереси

Македонската држава, за разлика од доскоро, почна да развива и своја „македонска геополитика“. Во неа, очигледно е дека нема да биде како досега доминантна „беззаветната и доживотна љубов само кон ЕУ“, туку влегувајќи во новиот светски мултиполарен поредок таа ќе создава и свои суверенистички мултилатерални мрежи на партнерства со држави и асоцијации на држави и надвор од европскиот континент врз основа на своите државно-национални политички и економски интереси и потреби.

АВМУ го искара Филипче за изјавата за медиумите

Апсолутно недозволиво е носител на јавна функција да користи дискредитирачка реторика која придонесува кон поларизација во медиумскиот простор и може да ја наруши довербата на јавноста во медиумите“, наведуваат од Агенцијата

To top