Македонија

Менди Ќура нема да користи службено возило, платата ќе ја дели на лица со посебни потреби

Покрај тоа што ќе се вози со своето приватно возило, нема да ги користи ниту другите бенефити што му следуваат по закон

Ова го соопшти новиот градоначаник на Струга, Менди Ќура, во емисијата „Стадион“ на Канал 77.

„Мојата плата ќе се дели за лица со посебни потреби и нема да го користам бенефитот од средствата за репрезентација на градоначалникот што доаѓа законски со одлука на Советот., рече бизнисменот.

Тој воедно е градоначалник, но и градежен инвеститор, а на прашањето дали тука гледа судир на улоги и конфликт на интереси, Ќура рече дека неговите бизниси со изградби на згради и други објекти не зависат од Струга, туку дека се распрстранети низ цеата земја

Тој рече дека фамозното скапо „ауди“ купено за превоз на градначалникот во времето на претходниот градоначалник, Рамиз Мерко, веќе е дадено на оглас за продажба.

Најнови вести од: Македонија

Кинеска компанија ќе гради фотоволтаични централи во Осломеј и Битола

Според известувањата на Европската банка за обнова и развој ЕСМ кон крајот на јуни потпишала два договори со кинеската компанија, а завршувањето на проектите е предвидено до 13 август 2027 година

Мицкоски зачуден од молкот на СДСМ за градоначалникот на Гостивар

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остро возврати на обвинувањата од СДСМ во врска со случајот со загадената вода во Гостивар, посочувајќи дека опозициската партија намерно го премолчува градоначалникот на општината, кого самата го поддржала на локалните избори

To top