Македонија

Мицкоски: Иднината на Македонија е во ЕУ – Ќе се бориме, за да ги браниме нејзините интереси и националните интереси, генерално и на граѓаните

„Наша цел е да ги заштитиме нашето национално достоинство, нашиот идентитет и нашите македонски национални интереси.“ – порача од Лондон претседателот на Владата на Македонија и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Јас многупати кажувам дека мора да победуваме дома и тука немам никаква дилема, дека домашната задача е најважна, но мора да победуваме и во Лондон и во Брисел и во Париз и во Берлин и во Рим и во Вашингтон и во другите главни градови на земји-членки и на ЕУ, но и во влијателни држави во светот. Ќе се бориме за да ги браниме националните интереси и интересите на Македонија, генерално и на граѓаните. Иднината на државата е во рамките на ЕУ, тоа е една од нашите последни стратегиски цели. Ќе сториме се што е во наша моќ да ја исполниме оваа стратегиска цел, но истовремено да ги заштитиме македонските интереси.“ – истакна премиерот Мицкоски.

По повеќето средби, што ги оствари на Самитот за Западниот Балкан во рамки на Берлинскиот процес, Мицкоски истакна дека останува оптимист. „Важно е земјава да ја исполни домашната задача – реформите. Тоа ќе го правиме во периодот, што следува. Очекувам напредок во откочувањето на проблемот, што го имаме во овој момент. Но, ајде да видиме, рековме – наша цел е да ги заштитиме нашето национално достоинство, нашиот идентитет и нашите национални интереси. Нормално дека пораката од нивна страна е оти местото на нашата земја е во рамките на ЕУ, како и генерално сиот регион на Западниот Балкан. Инспиративна и конкретна дискусија имаше германскиот канцелар Мерц, кој јасно кажа како го гледа регионот. Нормално, тоа е затворен состанок и сега не би сакал јас да ги изнесувам деталите, но тој даде многу јасна насока како го гледа регионот и кои се плановите за иднината на регионот поврзани со интеграцијата во рамките на ЕУ.“  нагласи премиерот Мицкоски за средбите со партнерите од ЕУ.

Според него, и дел од другите премиери и претседатели на земји-членки на ЕУ имале јасна порака и јасен начин како го гледаат регионот во иднина. Мицкоски информира дека остварил многу состаноци со високи претставници, на кои разговарал за различни теми.  „Генерално имавме многу плоден ден, тука во Лондон, со многу состаноци, што опфатија неколку различни теми, економија, безбедност и процесот на интегрирање на Македонија во рамките на ЕУ. Генерално, тоа беа и теми, коишто беа опфатени и на Самитот на Берлинскиот процес. Тука беше додадена уште една тема: нелегалната миграција. Денот беше инспиративен, го почнав со средба со министерот на Франција за Европа Бенжамин Хадад, кој е исклучително близок на претседателот Макрон и на кој ги кажавме нашите позиции, односно позициите кои цело време ги повторуваме, дека мора да има гаранции од ЕУ, мора да има од нашиот источен сосед почитување на меѓународното право, почитување на европските институции како што е Судот за човекови права, интегрирање на македонската заедница во рамки на Министерскиот совет за малцинства кај нашиот источен сосед итн.“ информира Мицкоски.

Тој посочи дека тоа не се дополнителни услови, туку оти тоа значи партнерство, добрососедски односи меѓу двете земји.

Ги нагласивме енергетската безбедност, развојот на гасните интерконектори, овој што во моментот го градиме со Грција и оно, што планираме многу скоро да го отпочнеме да го градиме со Србија. Потоа коридорите, континуирано ги споменуваме коридорите 10 и 8, кои се за нас како држава многу важни, но и за Европа се многу важни, посебно за јужното крило на НАТО, бидејќи ги поврзуваат Јонското и Јадранското море со Црното море, тоа е коридорот 8, и коридорот 10, кој го поврзува овој дел на Медитеранот со Егејското море, со Централна Европа.“ – укажа претседателот на Владата Мицкоски.

Тој нагласи дека е апсолутно јасен нашиот став за нелегалната миграција: „Ние практично ја браниме Европа од Европа, бидејќи кај нас нелегално влегуваат мигрантите од земји- членки на ЕУ.  Ја изнесов оваа идеја и пред премиерот Стармер за време на средбата, дека би биле добредојдени британски експерти, па дури и полициски офицери, припадници на Армијата на Британија, заедно со нашите припадници да ја штитиме нашата јужно-источна граница од нелегалната миграција и на тој начин да ја штитиме и Европа. Ја изнесов нашата отворена покана.“  рече премиерот Мицкоски.

Тој се осврна на Меморандумот за разбирање со американско-британскиот конзорциум, што ќе инвестира во фабрика за производство, во наменската индустрија. Се работи за околу 150 милиони долари, вложување кое ќе оствари неколку стотици до илјада нови работни места. „Но, тоа е само почеток, планот е да стигнеме до бројка од една милијарда. Се работи за производство на муниција и оружје наменето за пазарот во светот, но, генерално ќе биде НАТО- стандардизирано. Претпоставувам дека би биле корисници најголемиот дел од НАТО земји- членк. Очекувам веќе следната година да се забрза овој процес. Ако одиме според планот, би требало  некаде во 2027, или во 2028 година да почнеме да произведуваме.“ – подвлече Мицкоски.

Тој ја оквалификува средбата со британскиот крал Чарлс како невообичаен настан. „Јас би рекол за нас од Балканот е голема чест да бидеме дел од настан, да поразговараме за состојбите во регионот. Го кажав тоа што треба да го кажам, поврзано со нашата Македонија. Тој кажа свои искуства од Македонија кога бил тука, нормално тогаш во друго својство – како принц, не како крал, така што генерално главниот политички врв на Велика Британија беше таму. Разговаравме и со министерката за надворешни работи, разговаравме и со други високи официјални лица. Ја оценувам како исклучително успешна оваа средба, односно овој престој во Лондон.“ – кажа Мицкоски.

Тој дополни дека утре, на 23 октомври 2025 година, продолжуваат активностите во Скопје за вториот круг на локалните избори. „Утре го прославуваме големиот празник 23 Октомври, Денот на ВМРО, така што однапред го честитам.“  – напомена претседателот на Владата и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Трипуновски: ЕУ jа поздрави реакцијата на Владата за запирање на постапките во Платежната агенција со парите од ИПАРД до расчистување на случајот

„Опозицијата да не шпекулира, само 50-тина договори од ИПАРД 3 – програмата кои што се во фаза на реализација, се запрени по скандалот со директорот на Платежната агенција. Ги демантирам шпекулациите во јавноста дека ‘Брисел нѐ блокира, ќе бидат изгубени парите и т.н’, што апсолутно не е точно.“ – истакна вчеравечер, на 12 ноември 2025 година, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во гостувањето во „Тема на денот“ на ТВ Сител.

Маск до Лаен: Вие како лидер на ЕУ треба да бидете избрани директно од народот, а не од некој комитет!

„Милијардерот и технолошки моќник Илон Маск упати критики кон европската демократија и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен.“ – објави eвропското издание на американската новинска организација „Политико“, кое известува за политичките прашања на Европската Унија.

(Видео): За Љупчо Николовски има сериозни сомнежи за сторен криминал, вели Трипуновски

Министерот Трипуновски вели дека Николовски кој што деновиве се појавува на прес конференции ја нема раздолжено техничката опрема која што ја има задолжено во Министерството. Трипуновски истакна уште еден пример, имено по склучениот договор со KfW Банка за кредит од 80 милиони евра за инвестиции во водостопанството.

Николоски: Македонија и Бугарија се договорија за заедничкиот тунел од пругата, проблемот со железницата беше инженерски, а не политички

„Овој проект ќе се финансира со ефтини кредити и грантови, за кои веќе има интерес од Европската Унија и Европската инвестициска банка, и тој има и геостратегиско значење, бидејќи е поддржан од НАТО и САД.“ – изјави вечерва во емисијата „Топ Тема“ на ТВ Телма заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт и врски Александар Николоски.

Скопје започнува нова ера – ќе има подземна сообраќајница во центарот на градот

Скопје започнува нова ера во урбаната инфраструктура, подземната сообраќајница на булевар Македонија ќе ги растовари метежите и ќе воведе современи решенија според европските стандарди.

Продлабочување на соработката: Стоилковиќ во Белград на средба со српската министерка за економија

Вицепремиерот Стоилковиќ во Белград оствари работна средба со потпретседателката на Владата на Србија и министерка за економија Адријана Месаровиќ. Се разговараше за потпишување на меморандум за натамошно унапредување и продлабочување на економската соработка…

Како ќе изгледа мега паркот во општина Бутел (ФОТО)

Со реализацијата на овој проект, Општина Бутел најавува нов пристап кон уредувањето на јавните простори – со акцент на зеленилото, пристапноста и функционалноста. Паркот е дел од пошироката стратегија за зголемување на зелените површини во Скопје и претставува пример како може да се комбинираат еколошки вредности и современ урбан дизајн.

Најнови вести

To top