Македонија

Мицкоски: Малтретирањето на земјите со вето ги уништува вредностите на ЕУ

„Ако еднаш го прифатиме овој принцип, тој ќе ги уништи сите вредности изградени од Шуман, Де Гаспери и Аденауер“, додаде тој

„Ако некој се осмели да малтретира некој друг што сака да се приклучи на клубот, зошто другите би молчеле?“, праша премиерот  Христијан Мицкоски на самитот за проширување организиран од Еуроњуз, осврнувајќи се на спорот со Бугарија и последователното вето со кое владата на Софија се заканува на чекорите на Македонија на патот кон ЕУ.

„Ако еднаш го прифатиме овој принцип, тој  ќе ги уништи сите вредности изградени од Шуман, Де Гаспери и Аденауер“, додаде тој.

„Граѓаните на мојата земја ме прашуваат во што е проблемот сега. Зошто повторно да го менуваме нашиот устав?“, рече Христијан Мицкоски, осврнувајќи се на застојот поради барањата на Бугарија.

„Мислам дека иднината на мојата земја е во Европската Унија. И покрај сите понижувања и разочарувања, кои се дел од моменталната фрустрација на нашите граѓани, ние ги споделуваме истите вредности“, рече тој, откако објасни дека 20 години Македонија чека да го отвори првото поглавје за преговори, дека стартуваше со Хрватска а сега уште е на листата на кандидати за членство.

Бугарската влада, според Еуроњуз, инсистира Македонија да ја признае „заедничката историја“ на земјите и бугарските корени на македонскиот јазик, но и да го измени својот Устав за експлицитно да го признае бугарското малцинство.Овие барања многу Македонци ги сметаат за напад врз нивниот национален идентитет.

Според пишувањето сега  процесот на пристапување на Албанија напредува, додека Македонија останува заглавена: преговорите формално се отворени, но не се дискутираат поглавја. Јавниот ентузијазам исто така исчезнива. Иако анкетите покажуваат дека Македонците сè уште го поддржуваат проширувањето, сега помалку од нив го гледаат членството во ЕУ како реална цел.

Претседателот на Европскиот совет Антонио  Коста на самитот предупреди дека земјите-кандидатки се на раскрсница и дека треба да одлучат сега (каде одат).

„Партнерите за пристапување мора да одлучат дали имаат решеност да продолжат со нивната трансформација на Европската Унија или дали претпочитаат да останат заробени од болното историско наследство“, предупреди Коста..

Премиерот на Црна Гора Милојко Спајиќ претходно изрази увереност дека земјата, која има нешто над 620.000 жители, ќе стане 28-ма членка на ЕУ до 2028 година.Спајиќ изјави за „Еуроњуз“ претходно  дека Црна Гора  веќе функционира како да е дел од ЕУ. Тој рече дека планот на Црна Гора е да ги затвори сите поглавја за пристапување до крајот на 2026 година, отворајќи го патот за полноправно членство во ЕУ до јануари 2028 година. Тоа би се случило 20 години откако го започна процесот на аплицирање, во 2008 година.

Истакнувајќи го економскиот напредок на земјата, тој изјави: „Ние сме многу оптимисти за нашата економска иднина. Во последните четири или пет години, успеавме да го удвоиме нашиот БДП. Ова би можело да ја позиционира Црна Гора како нето придонесувач во фондовите на ЕУ, а не како примател по пристапувањето во блокот“, посочи тој.

Шефот на Советот, Коста, исто така, испрати порака до земјите-членки. Кога станува збор за проширување, нема време за двоумење – тврдеше тој. „Европската унија мора да одлучи дали може да си дозволи да изгуби повеќе време и дали е подготвена да еволуира и да се прилагоди на моменталните геополитички реалности.“ Сепак, тој не ја именуваше Унгарија, која стана најголема пречка за пристапувањето на Украина.Коста, во текот на изминатите неколку месеци, се обидуваше да најде начин да го заобиколи унгарското вето, но досега не успеа.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: СДСМ-ДУИ беа бандитска власт, сега се бандитска опозиција! – Знаат само за арамилак, ништо за економија!

„Опозицијата нема познавања од економија, само арамилакот и крадењето на народот им е во нивната политичка матрица!“ – нагласи претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски.

ОКТА ги пушти во употреба првите системи за батериско складирање на енергија, означувајќи нова пресвртница во својата транзиција кон одржлива енергија

ОКТА отвора ново поглавје во својата енергетска транзиција со пуштањето во употреба на првите два контејнери за батериско складирање на енергија, со моќност од 4 MW, како дел од планираниот проект за батериско складирање. Интегриран со фотоволтаична централа на компанијата со инсталирана моќност од 12 MW, новиот систем овозможува електричната енергија произведена од обновливи извори да се складира и да се користи во периоди кога побарувачката и пазарните услови се најоптимални.

Генералниот директор на „Алкалоид“ меѓу највлијателните во регионот

Генералниот директор и претседател на Управниот одбор на фармацевтскиот гигант АД „Алкалоид“ од Скопје се најде на 38. место на листата на најбогати луѓе во регионот, а неговото богатство белградскиот магазин „Недељник“ го процени на 651.330.000 евра

ТАВ Аеродроми: Меѓународниот Аеродром Скопје официјално ја доби наградата ASQ за „Најпријатно аеродромско искуство во Европа“ на Глобалниот самит за патничко искуство на ACI во Истанбул

Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на Групацијата АДП, официјално ја доби престижната награда за квалитет на аеродромски услуги (ASQ) за 2025 година во категоријата „Најпријатно аеродромско искуство во Европа“ од Меѓународниот совет на аеродроми (ACI World). Наградата беше доделена за време на Глобалниот самит за патничко искуство на ACI што се одржа во Истанбул на 2 септември 2026 година.

To top