Македонија

Мицкоски: Нема да има пензија под 15 илјади! Пред линеарното зголемување 150 илјади пензионери примаа само 10-12 илјади!

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски најави зголемување на пензиите напролет годинава. Запрашан дали Уставниот суд би можел да го спречи линеарното зголемување на пензиите, тој одговори дека не би ги коментирал неговите одлуки.

Со линеарното зголемување на пензиите, не само што се намалува јазот, односно се зголемува правилната распределба на приходите, туку се намалува и стапката на сиромаштија, бидејќи пензионерите се најсиромашната група граѓани, вели премиерот Мицкоски, нагласувајќи дека со интервенцијата започната од ноември 2024 година, заклучно со април 2026 година ќе има линеарно зголемување на пензиите за 7.000 денари и нема да има пензија под 15.000 денари.

Цениме, рече Мицоски, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на нова детска градинка во Кочани, дека со ова уште повеќе ќе влијаеме позитивно во намалување на стапката на сиромаштија.

Не треба, нагласи тој, да заборавиме уште еден параметар, а тоа дека 150.000 пензионери пред да почне ова линеарно зголемување имаа пензии кои беа околу 10 до 12.000 денари. – Од вкупно 330.000 пензионери, 150.000 беа во таа група. Што значи дека сега тие веќе со овие 7.000 денари линеарно зголемување немаат пензија под 15.000 денари, туку сите се движат од 17 до 19.000 денари. И како влада ќе продолжиме во таа насока – истакна Мицкоски.

Прашан дали Уставниот суд би можел да го спречи линеарното зголемување на пензиите, Мицкоски, рече дека не би ги коментирал одлуките на Уставниот суд, затоа што, како што наведе „воведовме таква пракса и тоа е правилното – да не се коментираат одлуките на Уставниот суд“.

– Јас само можам да ги коментирам податоците кои ги објави Државниот завод за статистика, односно социјалните показатели и параметри. Таму се анализирани два суштински, кои се битни за граѓаните. Едниот е стапката на сиромаштија, другиот е токму оној Џини-коефициент, односно правилната или неправилната распределба на доходите за која зборувавте. Точно е дека како држава сме лидери во регионот и сме над европскиот просек. А што се однесува до стапката на сиромаштија, во 2024 година таа е помала – 21,9%, споредено со 22,2% во 2023 година, а ако се спореди со 2021 година, тогаш беше 23% – појасни Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Македонија меѓу лидерите по онлајн купувачи, но сè уште каска со вештачката интелигенција

Растот на е-трговијата сам по себе не е доволен и го отвора прашањето дали економијата е подготвена за следната фаза – е-трговија поддржана од вештачка интелигенција. ВИ веќе има клучна улога во онлајн трговијата преку персонализирани понуди, паметен дигитален маркетинг, оптимизација на логистика, управување со залихи и откривање измами.

Новиот Закон за пушење не е применлив кај нас, реагираат производителите на цигари

Двете држави се разликуваат по многу параметри. Во Македонија суровиот тутун е стратешка земјоделска култура, чии одгледување, производство и откуп се стимулирани од државата, а во земјата активно работат и две фабрики за производство на тутунски производи, кои имаат голем удел во приходите на државниот буџет, извозниот капацитет и вработуваат македонски граѓани, се вели во реакцијата против новиот предког-закон.

Клековски најави процентуално зголемување на платите во јавното здравство од март

„Остануваме посветени и со силна поддршка за натамошно зголемување на платите во здравстевниот сектор во смисла на соодветно вреднување на работата на здравствените работници како предуслов за квалитетна работа.“ – изјави директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сако Клековски, на денешната прес-конференција во Владата.

Ивор Мицковски: Вакво криминално и кавгаџиско раководство не памети СДСМ во својата историја, со него нема иднина ни тој ни државата!

„Вакво арогантно, клановско, племенско, извалкано, криминално и криминогено, тесно и финансиски зависно, просто и некултурно, кавгаџиско, а испразнето од секаква политичка тежина и цел, освен личниот спас од кривична одговорност – е вакво штетно раководство некогаш најголемата опозициска партија СДСМ не памети во својата историја.“ – нагласува новинарот Ивор Мицковски во својата објава на фејсбук.

Најнови вести

To top