Македонија

Мицкоски: Овие избори се тој моментум од чија одлука зависат генерации потоа

Ова е неповторлива можност, сега да покажеме единство и разбирање за тоа што ни треба и што е она вистинското

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати на денешниот народен митинг во Кичево, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025 година, со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина“!

„Кога одлучуваме кој да ја добие поддршката за кандидат за градоначалник на Кичево, морам да признаам дека не размислував кој ќе биде најдобар за ВМРО-ДПМНЕ, туку гледав кој ќе биде најдобар за Кичевчани. Кој може да се бори за сите вас, и за ВМРО-ДПМНЕ, но и за СДСМ, и сите останати. И за Македонците, и за Албанците, и за Турците, и за Ромите и за сите граѓани коишто се дел од овој град. Од Александар слушнавте, на еден многу оригинален и живописен начин, каква визија има за Кичево и како ја гледа иднината на Кичево. Кои се проектите коишто ќе ги реализира од неговата програма. Но, јас ќе ви говорам за најважниот проект, и за Александар, но и за Кичево. Тоа е заедништвото и обединувањето на Кичево, рече Мицкоски.

Мицкоски повика на обединување и заедништво без разлика на партиска, етничка или верска припадност, и додаде дека овие избори се моментумот, и избори од кои ќе зависат идните генерации.

„Сите ние мора да се обединиме околу заедништвото и да ги премостиме сите наши разлики, сите наши несогласувања и различни погледи. Овие избори се тој моментум, од чија одлука зависат генерации и генерации потоа. Ова е неповторлива можност, сега да покажеме единство и разбирање за тоа што му треба и што е она вистинското за Кичево“, кажа Мицкоски и додаде:

-Мора да се обединиме сите, без разлика на партиска, етничка, верска или било каква друга припадност, и да застанеме сложно во одбрана на своето место. И за иднината на своето место и сите да излеземе масовно на 19 октомври, да го заокружиме бројот 9 за Алекснадар да биде идниот градски татко на Кичево, на сите кичевчани, заклучи Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е дел од Самитот на ЕПП на кој ќе разговараме за глобалните предизвици, а ние ќе ставиме акцент и на проширувањето на ЕУ

Сите оние постигнувања и реформи коишто изминатите месеци како ВМРО-ДПМНЕ, односно како македонска Влада ги направивме, потенцира во изјавата Мицкоски

(Фото): Пролетна генералка на Скопје, јавните претпријатија на терен

Координирана акција за темелно чистење на сите површини под надлежност на Град Скопје започна денеска во утринските часови. Екипите на сите јавни претпријатија се вклучија во пролетната генералка на Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека ова е јасна порака дека редот, чистотата и грижата за заедничкиот простор стануваат секојдневие.

Морничави детали на судењето за убиството во Штип: Делови од телото и крвавата облека фрлени во контејнери

Во штипскиот Основен суд денеска продолжи судскиот процес против 75 годишниот Денис Асанов, кој е обвинет за убиство на 79-годишната Борјанка Николова. Според обвиниението Асанов се товари за кривично дело „убиство“ извршено при родово базирано насилство на брутален начин. Пред Судот денеска сведочеа роднина на убиената Николова и инспектори од СВР-Штип, кои работеле на случајот.– Во домот на обвинетиот беа пронајдени секира, мотика, тесла, и дрвена рачка, на кои имаше траги од крв. Анализите покажаа дека потекнуваат од женско лице. Во купатилото, ходникот и кујната, откриени се траги на човечко ткиво, а според вештачењето, телото било влечено од дневната соба кон купатилото – рече во својот исказ вработен во СВР-Штип.

To top