Македонија

Мицкоски: Судиите со два процента рејтинг треба да си заминат дома

А не да бараат повисоки плати и повисок буџет

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека по локалните избори ќе се знае каква акција ќе се преземе за прочистување на судско-обвинителскиот систем. Вели дека судиите со два процента рејтинг треба да си заминат дома.

– Да почекаме да завршат локалните избори и ќе видите какви чекори ќе преземеме. Со два проценти рејтинг треба да си заминат дома, а не да бараат повисоки плати и повисок буџет. Не се сите такви, да се разбереме, таму има неколкумина измеќари кои го контаминираат целото обвинителство и судство. Кога јас би имал два проценти рејтинг би си заминал, нема да се занимавам со ова што се занимавам, кажа Мицкоски по средбата со претставници на Стопанска комора на северо-западна Македонија, во рамки на изборната кампања.

Премиерот претходно во повеќе наврати најави дека ќе се спроведе решителна акција по локалните избори за прочистување на судско-обвинителскиот систем.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

Најнови вести

To top