Македонија

Мицкоски: Владата нуди единствена формула за пресметување и етапно зголемување на платите на административците

„Владата има своја формула за пресметување на платите на вработените во администрацијата. Најголем дел од претставниците на синдикатите, и репрезентативните и од гранковите, се согласни со таа позиција на Владата, со неколку исклучоци. Формулата што ја нуди Владата во врска со тоа како ќе следи зголемувањето на платите на административците етапно ќе значи повисоки примања за нив, а не само за онолку средства колку што ќе расте минималната плата.“ – посочи денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашања на новинарите во врска со актуелните разговори за покачувањата на минималната плата и зголемувањето на платите за вработените во јавната администрација со синдикалните претставници.

Премиерот истакна дека на синдикатите им била понудена формула по која би се пресметувале личните доходи за вработените во администрацијата, притоа нагласувајќи дека Владата инсистира доколку биде договорена, тоа да биде конечна формула по која ќе се исплаќа платата на вработените во администрацијата. Мицкоски рече дека во разговорите дел од раководството на ССМ се повикува на општиот колективен договор што синдикатот го има потпишано со претходната влада, што иако е истечен, во преодните и завршните одредби стои дека тој е во функција се додека не биде потпишан нов колективен договор.

Тој додаде дека очекува тие неколкумина во раководството на Сојузот на синдикати да излезат од партиската прегратка и да се договорат со Владата во интерес на административните службеници. – Очекувам да излезат од партиската прегратка тие неколкумина во раководството на Сојузот на синдикати и да се договорат со Владата во интерес на работниците, односно во интерес на административните службеници, бидејќи уште тие 7.700-7.800 наши колеги немаат со Владата договорен Колективен договор, сите останати имаат. Со ова Владата како работодавач ги заокружува односите до истекот на мандатот на оваа Влада, до 2028 година, со сите оние на чии што работодавач директен или индиректен е Владата – изјави Мицкоски.

Тој појасни дека поради оставениот простор за различно толкување на начинот на утврдување на висината на платите во јавната администрација, може да резултира со проблеми во пресметувањето така што Владата заради тоа предлага унифициран образец според кој би се утврдувала висината на личните доходи.

– Ако ја примениме оваа формула, тогаш при исплатата на лични доходи ќе се создаде какофонија бидејќи постојат неколку документи што ја дефинираат платата, кои можат да се толкуваат различно. Ние сакаме унифициран образец по кој ќе се исплаќаат платите за администрацијата. Еден од трите члена каде се дефинираат платите во општиот колективен договор да го суспендираме и во периодот додека важи овој договор што ќе го постигнеме да испреговараме нов општ колективен договор. Тоа е некаде три години. Јас ценам дека за три години ако се седне ќе се направи многу повеќе отколку нова верзија на општ колективен договор. Доволно сме зрели и одговорни и мислам дека е тоа сосема доволно време – рече Мицкоски.

За самата формула како би се вршело пресметувањето, појасни дека начинот што го предлага Владата на крајот ќе значи повисоки плати за вработените во администрацијата и различно од простото следење на покачувањето на минималецот. Премиерот Мицкоски истакна дека кога зборувал за просечната плата од 31 илјади денари, зборувал за сума што во моментот била апликативна, за математички пресметката да биде полесна.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Македонската култура во фокусот на 35. Меѓународен саем на книгата во Абу Даби

Во рамки на програмата „Балканска култура – почесен гостин“, Македонија на посетителите им претставува дел од своето богато и повеќеслојно културно наследство, како и современата книжевна продукција

Модернизиран команден центар, „Безбеден град“ ставен во функција во Велес

Новиот команден центар е сместен во целосно реконструирани и реновирани простории кои во минатото биле користени од Министерството за одбрана, а потоа околу 15 до 20 години не биле во употреба. Со нивното ставање во функција, СВР Велес добива современ простор од кој се реализираат активностите поврзани со системот „Безбеден град“

Крст во чест на 63-те жртви од „Пулс“ поставен на влезот во Кочани

Овој крст ќе нè потсетува и на болката и трагедијата што се случи овде во нашиот град. На повредените нека им подари здравје, сила и поткрепа да закрепнат и дај Боже постојано да останеме во заедница, во љубов со Бога, со силата на крстот

СДСМ бара истрага за 5,5 милиони евра за прославата

Пет милиони евра народни пари кога ќе се потрошат, граѓаните мора да знаат секој денар, секое евро каде завршило. Владата мора да ги објави договорите, анексите, фактурите, банкарските исплати, примателите, изведувачите, добавувачите и пресметаните даночни обврски

Мицкоски: Потврдувањето на кредитниот рејтинг од страна на „Фич“ е уште една лоша вест за опозицијата

​Три години водат кампања дека секоја година само што не сме банкротирале, буџетот бил без пари, економијата назадувала и така натаму. ​Одговорите стигаат од сите страни, од Светска банка, од Меѓународниот монетарен фонд, еве и од сега од реномирани кредитни агенции како што е „Фич“

To top