Македонија

Министерот за локална самоуправа Стоилковиќ на 10. Национална конференција за програмите за европска територијална соработка

Европската територијална и прекугранична соработка има особено значење за локалните заедници

Министерот за локална самоуправа, г. Иван Стоилковиќ, учествуваше на 10. Национална конференција за програмите за европска територијална соработка, која се одржува во Нови Сад, Србија.

Во своето обраќање, министерот Стоилковиќ истакна дека европската територијална и прекугранична соработка има особено значење за локалните заедници, овозможувајќи размена на искуства, развој на партнерства и реализација на конкретни проекти од интерес за граѓаните.

„Преку европската територијална соработка создаваме можности локалните заедници заеднички да одговорат на предизвиците, да ги развиваат своите капацитети и да ги искористат локалните потенцијали. Не станува збор само за финансиска поддршка, туку и за градење долгорочни партнерства и доверба меѓу институциите и заедниците“, истакна Стоилковиќ.

Министерството за локална самоуправа е Национален орган за ИПА III Програмата за прекугранична соработка Србија – Македонија 2021–2027. Вториот повик во рамки на Програмата, во вредност од 4,2 милиони евра, се очекува да биде објавен во октомври и ќе отвори нови можности за општините, институциите и организациите.

Министерот упати благодарност до Европската Унија и Делегацијата на ЕУ за континуираната поддршка, како и до партнерите од Србија за досегашната успешна соработка, со порака дека Министерството ќе продолжи да работи на јакнење на можностите за локален и регионален развој.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Кина гради дури 90 дата центри во град со два милиона жители

Меѓу полињата со сончогледи и сирак во Внатрешна Монголија во Кина никнуваат огромни комплекси што ги носат имињата на Хуавеи, социјалната платформа Куаишоу и давателот на услуги за податоци VNET.

ММФ: Македонија со раст на БДП од 3,5%, инфлација од 4%

Jавните финансии, модернизација на инфраструктурата, енергетска ефикасност, образование, социјална заштита и земјоделство, ова се темите на кои македонската делегација бара можности за подобрување на состојбите на годишните средби на светска банка и Меѓународниот монетарен фонд кои оваа година се одржуваат во Бангкок, Тајланд.

Нацрт-ДУП-от за Барутана на Водно нема да се најде пред Советот на Општина Центар, но до кога?!

Донесувањето на нацрт деталниот урбанистички план „Барутана“ е законска обврска на Општината, нагласи градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, и не сакаше попрецизно да објасни за, како што кажа, изречените невистини во врска со овој план.

Групацијата 4iG ги поврзува телекомуникациите и вселенските технологии за нов бран иновации на Западен Балкан

Групацијата 4iG има за цел да стане првата компанија на Западен Балкан која ќе овозможи директно сателитско поврзување со мобилните уреди. Ова го истакна Пал Заранди, претседател на Одборот на директори на „Оне Македонија“ и директор на стратегии во Групацијата 4iG, за време на осмиот Дигитален самит за Западен Балкан, одржан во Херцег Нови. Договорот […]

To top