Македонија

Мисајловски: Стратешкото партнерство со САД клучно за трансформацијата и развојот на нашите одбранбени капацитети

Министерот за одбрана му се заблагодари на домаќинот и сојузник во НАТО за поддршката за македонската армија

Министерот за одбрана Владо Мисајловски на денешната втора сесија од Стратешкиот дијалог САД – Македонија во Вашпингтон му се заблагодари на домаќинот и сојузник во НАТО за поддршката на македонската армија.

„Континуираната поддршка од САД и останатите сојузници, преку дополнителни заеднички активности, овозможува стабилен и одржлив безбедносен развој, усогласување со стандардите на НАТО и исполнување на НАТО-целите на способност“, рече тој пред претставниците на американскиот Стејт департмент.

„Во моментов во процес на набавка се 16 договори со САД кои вклучуваат опрема за различни видови одбранбени капацитети и согласно стратешките документи и Долгорочниот план за развој на одбранбени способности, разгледуваме дополнителни можности за континуиран и значаен развој на соработка со САД“, додаде министерот.

Мисајловски се осврна и на одбранбениот буџет и плановите на раст, модернизација и опремување во текот на наредните 10 години, со цел достигнување на целите договорени на последниот Самит во Хаг односно инвестирање на 3,5% од БДП во одбранбениот буџет и дополнителни 1,5% од БДП за активности и проекти поврзани со безбедноста до 2035 година и посочи дека македонската Влада е сериозно посветена во остварување на договореното.

„Инвестициите во одбраната се стратешки фокусирани во делот на модернизација, зајакнување на интероперативноста, подготвеноста и отпорноста. Остануваме целосно посветени реализацијата на НАТО – целите на способности“, подвлече Мисајловски.

 

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

Кило по кило – Од Грчец, директно во Струмица: Полицијата разби голема кокаинска мрежа

Како на фабричка лента – скопјанец се грижел кокаинот во килограми да стигне во Македонија, а од тука во помали пакувања до Струмица, Штип и другите градови. Таму ја пречекувале други дилери кои биле задолжени за продажбата на мало по македонските улици директно до наркозависниците. Шемата била добро разработена, бизнисот цветал, а трагите се бришеле […]

To top