Македонија

Мистер 1 % – Како одговорија граѓаните на повикот на Филипче ,,за одбрана од мигранти”

Катастрофален одзив меѓу граѓаните на апелот од шефот на Бихаќка

Само 2125 граѓани се потпишале на онлајн петицијата која ја објави лидерот на СДСМ Венко Филипче со цел да се спречи влез на измислените мигранти од Велика Британија.


Фото Богдан Илиевски

Дали граѓаните не му веруваат на Филипче или сфатија дека се работи за пропагандна алатка за враќање на урнисаниот рејтинг на СДСМ сега не е важно.


Фото Богдан Илиевски

Трагично е што голема акција на СДСМ и Фулипче заврши со поддршка заокружен 1 посто од граѓаните што излегуваат на избори.


Фото Богдан Илиевски

Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит кој беше директно нападнат од Бихаќка иронично анализира на темата.

,,Еве како заврши организираната одбрана на татковината од страна на загрижениот војвода патриот Фенко. 2000 потписи од планираните 50 000.

Чисто да сте во тек и со бројките малку, кога велат „се е јасно, разоткриени сте, ништо не треба да се објаснува повеќе“ – е, така стојат бројките кои се – јасни. Бог се родил!”, се шегува Илиевски меѓу другото и со грешката Филипче кога за Богојавление место Бод се јави рече: Бог се роди.

Видеото на Илиевски на темата

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Спорот не се сведува само на јазикот тој задира и во други идентитетски прашања

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен неодамна јавно побара продолжување на разговорите, а претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта во Софија настапи со слична порака, дури и посочувајќи на потребата од одредени гаранции. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ова го толкува како јасна промена во односот на Унијата.

Зошто во Македонија секој трет стан е празен?!

Во Македонија има доволно станови за парадоксот да изгледа неверојатно: според последниот попис, повеќе од 307 илјади станови се ненаселени, односно секој трет стан во земјата нема постојани жители. А сепак, квадратниот метар продолжува да поскапува, во Скопје и Охрид на атрактивните локации веќе се пробиваат и границите од 3.000 евра.

To top