Македонија

Митко Јанчев со предлог до советниците на Левица (ВИДЕО)

Оваа изјава дојде во видео кое брзо се прошири на социјалните мрежи, предизвикувајќи реакции меѓу јавноста.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, во обраќање на седница на општинскиот совет, ги критикуваше советниците од партијата Левица дека се однесуваат како „дигитрончиња“ – пресметувате и коментирате , но избегнувате да преземат одговорноста за управување со власта.

Оваа изјава дојде во видео кое брзо се прошири на социјалните мрежи, предизвикувајќи реакции меѓу јавноста.

Според видеото, кое трае околу четири минути и е објавено на платформата X (поранешен Твитер), Јанчев директно се обраќа до еден од советниците, кого го пофалува како успешен претприемач со добра професија и потенцијал за висок приход во заедницата.„Ти си еден од поуспешните претприемачи со подобра професија и може да имаш најголем приход во твојата заедница“, вели Јанчев, додавајќи дека тука влегува во игра „дигитрончињата“ – метафора за пресметливост без акција.

Градоначалникот ги повикува советниците од Левица да покажат како би работеле подобро, нудејќи им можност да преземат раководни позиции во јавни институции.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Expres (@expres_mk)

script>

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја отсликува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза.

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top