Македонија

Мицкоски: Граѓаните се фрустрирани од досегашните понижувања

Ни ветуваа дека ако смениме знаме, ако смениме Устав, ако смениме име и прифатиме сè што ќе се побара од нас, ќе имаме европско здравство, поквалитетно образование и подобар живот, вли премиерот

 

Ќе се бориме, ќе спроведуваме реформи, ќе ја реализираме реформската агенда и ќе ги решаваме домашните проблеми. Тоа е она што можам да го ветам: жилава и бескомпромисна борба за подобар живот на граѓаните, а истовремено и за зачувување на националните интереси“ рече премиерот Христијан Мицкоски во вчерашното гостување на ТВ Сител.

Осврнувајќи се на критиките дека Владата не успева да го деблокира европскиот пат на државата, премиерот оцени дека најголемата фрустрација кај граѓаните не произлегува од моменталниот застој, туку од, како што рече, долгогодишните понижувања и отстапки направени без очекувани резултати.

„Сметам дека фрустрацијата кај граѓаните е голема поради понижувањата што ги доживеавме изминативе години, би рекол и децении, како и поради националните отстапки што беа направени, а притоа не добивме ништо. Иако политичарите во минатото ветуваа чуда. Ни ветуваа дека ако смениме знаме, ако смениме Устав, ако смениме име и прифатиме сè што ќе се побара од нас, ќе имаме европско здравство, поквалитетно образование и подобар живот“,оцени премиерот.

„ Можеби ќе биде потребно и повеќе време. Не сум пророк за да ви кажам дали тоа ќе биде за една година, 2 години, 5 години или никогаш. Не знам. Но, можам да ви ветам дека ќе се борам со сета сила што ја имам, заедно со луѓето околу мене“..

Според премиерот, во меѓувреме е променета и перцепцијата на европските партнери за македонските позиции, при што дел од високите европски функционери веќе разговараат за можни гаранции и за поинаков пристап кон спорот.

„ Ако пред две-три години ни велеа дека сè е завршено и дека тоа е понудата на маса, денес дел од високите европски политичари велат: „Почекајте, да размислиме за гаранции. Да разгледаме поинаков пристап кон ова прашање“. Последните пораки од Брисел, вклучително и од претседателката Урсула фон дер Лајен, се дека Македонија е меѓу земјите што испорачуваат резултати и реформи. Тоа е она што можам да го ветам и што ќе продолжиме да го правиме. Но, не можам да ветам дека ќе се согласам на уставни измени што некој друг ги прифатил, без јасна гаранција дека тоа е последното барање и без јасно видлива цел. Тоа не можам да си го дозволам“, дециден премиерот.

Најнови вести од: Македонија

Андреевски: Обвинителството да ги истражи Извештајот на ДЗР за ПОЦ за незаконитостите, сите сомнежи за грабеж и бесрамно пљачкосување на парите на центарци!

Извештајот на ДЗР за ПОЦ е полн со еден куп нерегуларности и сомнежи за криминал, овој документ заслужува посебна седница, нешто што советничката група на ВМРО-ДПМНЕ го побара. Сакајќи да избегне соочување со фактите пред очите на центарци, градоначалникот Герасимовски се обидува на нетранспарентен начин да ја протне расправата за оваа тема, на седница преполна со други точки, само за да пренасочи вниманието од оваа финансиска афера од невидени размери, објави Горан Андреевски, координатор на советничка групата на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар.

Мицкоски: До крајот на оваа седмица технички исправна вода во Гостивар, за пиење се очекува кон крајот на идната, откако целосно ќе се испере системот

Премиерот Христијан Мицкоски очекува до крајот на неделава водата во Гостивар технички да биде исправна, а кон крајот на следната недела и безбедна за пиење, доколку сите активности се реализираат според предвидената динамика.

Втори месец по ред опаѓа довербата и се зголемува недовербата на Бугарите во владата и премиерот Радев

Само неколку месеци по формирањето довербата во бугарската влада паѓа, а паѓа и довербата во премиерот Румен Радев. Ова е веќе втор месец по ред. Вакви резултати покажува анкетата на агенцијата „Маркет линкс# спроведена за радиодифузерот бТВ на 1.002 граѓани во периодот од 11 до 19 јули.

To top