Македонија

Мицкоски: Има уште такви овде кои би коленичеле пред бугарските барања (ВИДЕО)

Македонскиот премиер не очекува значителни промени, но дека македонската Влада е подготвена за разговори на кои ќе се соочат аргументитe од двете страни

 

,„…Ќе опстоиме на линијата на македонскиот идентитет и од тоа нема да отстапиме, изјави премиерот Христијан Мицкоски, на денешниот настан на кој се одбележуваат 123 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев.

На прашањето што очекува од новата бугарска влада, Мицкоски вели дека не очекува значителни промени, но дека македонската Влада е подготвена за разговори на кои ќе се соочат аргументитe од двете страни.

„Ако ме прашате лично мислење, ќе ви дадам лично мислење – не очекувам воопшто да се промени атмосферата, напротив очекувам истата таа атмосфера да се вжешти затоа што сè уште имаме структури и политички, но и општествени кај нас дома коишто се подготвени да коленичат пред бугарските власти и да бидат мекото ткиво на македонската надворешна политика.

Сè додека има такви политички структури и општествени сили јас не очекувам промена на односот на нашиот источен сосед.

Но, ние како влада сме секогаш подготвени на билатерални, мултилатерални разговори и да ги соочиме нашите аргументи и се разбира оние аргументи што ќе преовладаат, ние сме подготвени да ги прифатиме исто како што очекуваме и спротивната страна да ги прифати нашите аргументи ако преовладаат“, изјави Мицкоски.

Според премиерот. македонскиот народ и во 21 век се соочува со проблеми со признавање на идентитетот и јазикот.

Најнови вести од: Македонија

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

(Фото): Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

To top