Македонија

Мицкоски: Ќе продолжиме да ги решаваме проблемите на граѓаните, затоа ја добивме довербата од нив!

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање денеска при претставување на „Градскиот воз“ истакна дека и покрај сите предизвици во Европа како наш најголем трговски партнер, сепак трендот на раст на бруто-домашниот производ се очекува да продолжи и оваа година и  да изнесува некаде меѓу 3,5 и 4% проценти.

„Очекувам трендот на раст да продолжи на бруто домашниот производ. Оваа влада беше избрана на 23 јуни 2024 година и 2024 година ја завршивме со раст на БДП од 3% реален, а номиналниот беше блиску 2 и пол пати поголем, близу 7% и бевме во горната половина од земјите од Европа. 2025 година ја завршивме со 3,5% раст на БДП, а номиналниот беше над 8% и бевме во првите 5-6 земји во Европа. Оваа година планираме до крајот на годината растот на БДП да биде помеѓу 3,5 и 4%, значи тој континуиран раст на БДП реален да продолжи, а номиналниот да се движи околу 8%“, потенцираше премиерот Мицкоски.
– Оваа Влада беше избрана на 23 јуни 2024 година и 2024 година ја завршивме со раст на БДП од 3 отсто реален, а номиналниот беше блиску 2 и пол пати поголем, речиси 7 проценти, и бевме во горната половина од земјите од Европа. Минатата 2025 година ја завршивме со 3,5 отсто раст на БДП, а номиналниот беше над 8 проценти и бевме во првите 5-6 земји во Европа. Оваа година планираме до крајот на годината растот на БДП да биде помеѓу 3,5 и 4 отсто, значи тој континуиран реален раст на БДП да продолжи, а номиналниот да се движи околу 8 отсто. Предизвик повеќе е фактот што овој раст на БДП и овие податоци се случуваат во период кога имаме раст на европската економија помала од 1 % на годишно ниво, а нам најголем трговски партнер ни е самата ЕУ – потенцира премиерот Мицкоск

Премиерот Мицкоски нагласи дека она коешто е предизвик повеќе е фактот што овој раст на БДП и овие податоци се случуваат во период кога имаме раст на европската економија помала од 1% на годишно ниво, а нас најголем трговски партнер ни е самата Европска Унија, но посочи дека Владата е избрана да ги решава проблемите на граѓаните и така и ќе продолжи без да создава нови.

„Затоа ја добивме довербата од граѓаните да ги решаваме. Дали сме мотивирани да ги решаваме, да, мотивирани сме и ќе продолжиме да ги решаваме и да не создаваме нови проблеми“, изјави премиерот Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

To top