Мицкоски повика да не се дозволи ова прашање да се користи како алатка во предизборната кампања во Бугарија. „Со Вајц случајно бевме во истиот воздухоплов, којшто се обраќаше на линија Брисел-Виена. Имавме состанок. Сѐ што се случуваше го предвидов на тој состанок и му предочив на Вајц дека ќе се случува.“ – напомна македонскиот премиер.
„Целта е да бидеме влечени во предизборната кампања во Бугарија на оваа тема. Затоа да не дозволиме да им дадеме алиби на политичари од нашиот источен сосед, кои му припаѓаат на минатиот век, да не им дозволиме да водат кампања на ова прашање. Замолувам да го игнорираме сето тоа, а ние како влада разговараме со нашите пријатели во Брисел: аргументираме, се бориме.“ – нагласи претседателот на Владата Христијан Мицкоски.