Македонија

Мицкоски: Постигнат е договор, околу 11.000 административци ќе добијат зголемување на платите од речиси 40 отсто до 2028

Ќе бидат опфатени околу 11.000 вработени во администрацијата, судовите и обвинителствата. Најавени се и преговори за нов општ колективен договор.

Владата постигна договор со репрезентативните синдикати од областа на администрацијата за зголемување и усогласување на платите, со важност до 2028 година, со што ќе бидат опфатени околу 11.000 вработени во државната администрација, судовите и обвинителствата. Ова денеска го соопшти претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, по средбата со претставниците на синдикатите УПОЗ и САДУ.

Премиерот истакна дека станува збор за поширок пакет мерки со кои Владата, како најголем работодавач во државата, воспоставува долгорочен договор со своите вработени, слично на претходно склучените договори во образованието и здравството.

„Ова е историски момент, бидејќи за првпат имаме јасен и долгорочен план за зголемување и усогласување на платите, со цел да се достигне достоинствено ниво“, изјави Мицкоски, нагласувајќи дека договорот се постигнува во услови на сериозни глобални и внатрешни економски предизвици, но со одговорно и домаќинско управување со државната каса.

Тој најави дека постигнатиот договор ќе се операционализира преку индивидуални договори, а воедно повтори дека општиот колективен договор е истечен. Владата, како што рече, е подготвена во наредниот период, заедно со репрезентативните синдикати ССМ и КСС, да започне преговори за нов општ колективен договор кој ќе биде единствена основа за исплата на платите.

„Целта е да имаме решение од кое добиваат сите – и работниците и Владата, а најмногу граѓаните и државата“, истакна премиерот, додавајќи дека со дел од синдикалните структури постои градење на доверба, иако, како што рече, има и структури кои сè уште се под политичко влијание.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top