Македонија

Мицкоски: Рамката за договорот со САД е силна порака дека Македонија е нивниот партнер во регионот!

Усогласената заедничка изјава и рамката за договор за заемна, правична и врамнотежена трговија со САД е силна порака кој е најсилниот нивен партнер во регионот, а тоа е нашата Македонија – изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања што ќе значи за македонската трговија можниот договор со САД за намалување на царините.

Договорот што потенцијално ќе го потпишеме со САД во рамките на параметрите што се содржани во заедничката изјава ќе овозможи македонските компании, односно производите од Македонија помеѓу 62 и 64 царински броеви да се најдат на американскиот пазар со повластени тарифи од 0 до 6,5 проценти – рече Мицкоски.

Тој кажа дека во 2025 година билатералната трговска размена надминува половина милијарда долари, односно приближно 600 милиони долари, каде што, како што рече, имаме благ суфицит како држава, имаме повеќе извоз отколку увоз во САД, и притоа изрази очекување преку овој договор да се зголеми билатералната соработка и трговијата.

Но, повторно ќе кажам, самиот договор по себе е единствен надвор од Европската Унија, со тарифи исти како што има ЕУ и Обединетото Кралство. Но, пораката е силна, и објавата на трговскиот претставник на САД кој е на ниво на секретар, господинот Грир, дека испраќаат порака кој е нивниот најсилен партнер во регионот, а тоа е нашата Македонија, значи многу, и за инвеститорите и за економската состојба во државата – нагласи Мицкоски.

Премиерот потсети дека во рамките на мандатот на оваа Влада, во овие 20 месеци е постигнат договор за стратешко пријателство и со Велика Британија.

Повторно од опозицијата настапуваат со лажни тези дека ќе сме примале мигранти за пари и тоа траеше со месеци. Еве излезе амбасадорот на Обединетото Кралство, даде интервју и ги демантираше. Но, договорот за стратешко пријателство не е само договор, тоа е и порака и ефектите на таа порака ние можеме да ги видиме и во нашата економија, па дури и во условите под кои се издаде еврообврзницата – рече Мицкоски.

Тој укажа и на вториот документ, односно први во регионот имаме заеднички усогласена надворешна и одбранбена политика со Европската Унија.

Третата важна дипломатска работа која нас не стави во друштвото на функционални и зрели демократии каде што владее правото, каде се почитуваат човековите права, укинувањето на постмониторинг мисијата на Советот на Европа и ние сме единствената земја во регионот што го постигна тоа, додаде премиерот, одговарајќи на новинарски прашања по конференцијата „Формализација на неформалната економија: преку соработка до успех“.

Македонска информативна агенција – МИА

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, го означи стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, на кој годинава учествуваат рекордни 15.020 натпреварувачи. Ѓорѓиевски порача дека Скопје денеска е во знакот на спортот, а илјадници учесници со различни цели и лични приказни ги исполнија улиците на главниот град. […]

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

Во пресрет на грејната сезона – парно, струја, дрва: Што најмногу го празни џебот?!

Најефикасното, но и најскапо современо решение е топлотна пумпа систем воздух-вода. Оваа инвестиција бара помеѓу 6.500 и 9.000 евра, иако потоа месечната потрошувачка на струја за целата куќа е приближна на трошокот за два инвертер уреди. За домаќинствата кои немаат буџет за вакви системи, поставувањето на три поквалитетни инвертер клими со инвестиција од околу 2.500 евра.

Секоја десетта цигара во ЕУ е нелегална, црниот пазар ја опфаќа и Македонија

Предизвик за европските институции не е само растот на нелегалното производство, туку и неусогласениот начин на кој земјите му се спротивставуваат. Националните системи за контрола и спроведување значително се разликуваат, кривичните дела и казните не се доволно хармонизирани, а и натаму постојат празнини во соработката и размената на информации меѓу надлежните институции.

To top