Македонија

Мнозинството синдикални организации во УПОЗ го прифаќаат договорот со Владата на Македонија за зголемување на платите

За 95 проценти од досега изјаснетите синдикални организации на УПОЗ, прифатлив е договорот со Владата зголемување на платите за 40 проценти, информираат од УПОЗ.

Во согласност со прифатениот предлог, како што нагласуваат, синдикалните организации при Синдикатот на УПОЗ во текот на денешниот ден се изјаснуваат дали се за зголемување на своите плати за 40 проценти.

– По изјаснувањето на сите синдикални организации, Синдикатот на УПОЗ во текот на наредната недела ќе оствари работна средба со претставниците на Владата, на која ќе бидат договорени опфатот и теркот на колективниот договор – се вели во соопштението од УПОЗ.

Вчера, претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, по средбата со премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека Владата го прифатила барањето на УПОЗ, но не во целост, и дека е важно што се прифатило да се исплаќаат додатоците на плати за работниците во државната управа и правосудството.

– Како што најавуваме минатата година, ќе бидат на неколку години, на 3 рати, по 8 проценти, за жал, не по 10. Пак ќе повторам, за жал, не ги добивме минатата година, меѓутоа, еве, Владата прифати да ги исплаќа од сега со почетокот од март преку начин што сите институции од државната управа и правосуството, значи судовите, обвинителствата… ќе треба да потпишат поединечни колективни договори за да го добијат ова право – рече Деаноски.

Тој појасни дека за да се реализира ова, треба се подготви текстот на овие колективни договори заедно со претставниците на Владата и Синдикатот. Потоа договорите треба да бидат ставени на гласање пред органите и телата на Синдикатот. Деаноски нагласи дека ако членовите ги прифатат договорите, ќе може веднаш да се продолжи со нивно потпишување.

УПОЗ вчера преку соопштение информира дека зголемувањето на платите за сите вработени во управата и правосудството е поголемо од веќе обезбеденото зголемување со Општиот колективен договор за јавниот сектор како поповолно право за работниците.

– Во пресметката на платите на вработените како компонента на платата останува минималната плата, борбата за зголемување на минималната плата за сите работници продолжува сè до нејзино зголемување, а со тоа и зголемување на платите на сите работници што во својата пресметка на плата ја имаат минималната плата. Платата во единиците на локалните самоуправи може да се зголемува преку склучување поединечни колективни договори – стоеше во вчерашното соопштение од УПОЗ.

Средбата следуваше откога премиерот даде понуда за раст на платите за која УПОЗ потврди дека е прифатлива и дека дополнително ќе се разговара во рамките на синдикалните организации.

Мицкоски средбата со УПОЗ ја оцени како конструктивна потенцирајќи дека пред претставниците на Синдикатот ги презентирале условите и правилата за зголемување на платата на административците за 40 проценти додавајќи дека сега очекува одговор од нивна страна дали го прифаќаат предлогот од страна на Владата.

– Ние имаме два репрезентативни синдиката, кои се дел од Економско-социјалниот совет, и тие ги застапуваат правата на работниците. Денеска имавме состанок со УПОЗ или народски кажано – тоа е синдикатот на административците, кои се гранка од ССМ, едниот од репрезентаитвните синдикати, а пред една недела или 10-ина дена имавме состанок и со втората репрезентативна синдикална група од КСС, која исто така ги претставува правата на работниците, односно административците. Таму имаме два репрезентитивни синдиката – рече Мицкоски во вчерашното интервју во Дневникот на МРТ.

За состанок со УПОЗ, премиерот рече дека дале понуда за која претходно зборувал во јавноста.

– Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред. Тие исто како и претставниците од гранката на КСС рекоа да се консултираат со раководството во рамките на својата синдикална гранска единица и потоа во текот на утрешниот ден ќе нè информираат. И доколку е сè во ред, тогаш в недела би требало конечно да се согласиме и од понеделник да почне изготвувањето на т.н. темплејт, односно примерок, како би изгледал тој индивидуален синдикален договор и понатаму, нормално, тој во разни работни единици ќе се усвојува и врз основа на тоа ќе почне исплатата на платите од април за мартовската плата оваа година, која би опфатил 8-процентно зголемување на збирот од сегашната плата зголемена за растот на минималната плата што треба да се нивелира. Истото ова би се реплицирало и во 2027 година и во 2028 година, што значи дека приближно за две години и два-три месеци од сега административните службеници, оние што не добиле зголемување, како што добија некои од нив во минатото, ќе имаат минимално 40 проценти поголема плата во споредба со денешното ниво – појасни вчера Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Само вчера фатени уште 11 лица, кои возеле без возачка дозвола! – Возилата им се одземени!

Некои воопшто немале дозволи, некои имале активна забрана на дозволите, а двајца од нив се малолетници, кои возеле без возачка дозвола. По целосно документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Уште еден протестант се извини на „цела Влада“, на „цела Македонија“: Не знаев што зборувам од стрес, згрешив!

На протестите против проектот „Безбеден град“ неколку граѓани јавно упатуваа закани за физичко насилство и убиства. Сега тие еден по еден во последниве неколку дена во свои снимени видеа „се извинуваат на владата, на министрите, на државата и на целата јавност“. Тие „објаснуваат“ дека во тие моменти „се наоѓале во стрес, во афект, нервоза и страв“. А сега пре целата јавност „изразуваат каење за своите постапки“ и на сите „им упатуваат извинување“!

Во пресрет на Милано Кортина 2026, “Самсунг Куќата“(Samsung House) официјално отворена во срцето на Милано

Во срцето на Милано, “Самсунг“ (Samsung), Светски Олимписки и Параолимписки Партнер, официјално отвори “Самсунг Куќа“ (“Samsung House”) во историската палата Сербелони (Palazzo Serbelloni)1 – нов центар за спортистите, медиумите и партнерите во текот на Зимските Олимписки и Параолимписки Игри Милано Кортина 2026.

Полицајци, наставничка и пожарникар осомничени за примање поткуп при издавање лични документи

Двајца полицајци, една професорка и еден пожарникар се под кривична истрага затоа што за пари овозможувале граѓаните побрзо да извадат пасош, лична карта и возачка дозвола. Полицаецот од Интервентна полиција го поттикнувал колегата, кој фотографирал и примал барања за лични документи да ги прими граѓаните преку ред, со што се создал паралелен неформален начин на вадење документи за кој примале одреден паричен надомест. Сите ќе се гонат кривично за злоупотреба на службена положба, примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание.

Минчев: Заев и Филипче ја окупираа СДСМ и ја водат во политичка пропаст!

„СДСМ денес е окупирана партија од актуелното раководство, поточно од двоецот Заев – Филипче, кои се водат исклучиво од лични интереси. Сѐ додека ова раководство е на чело на партијата, СДСМ не оди кон обнова, туку кон политичка пропаст. СДСМ ќе оди во пропаст се додека не се расчисти со нив.“ – вели во интервју за неделникот „Фокус“, генералниот секретар на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Горан Минчев. Тој нагласува дека „ваквата оценка ја изнесува со политичка одговорност и со жалење, имајќи ја предвид историската улога што СДСМ ја имал во државата“.

Најнови вести

To top