Македонија

Муртезани нов амбасадор на Македонија во НАТО, Ефремов во Бугарија

Владата утврди девет имиња за нови шефови на дипломатските претставништва

instagram.com/orhanmurtezani/

Орхан Муртезани, поранешен министер за европски прашања во актуелната македонска Влада, а потоа советник на премиерот, ќе биде нов амбасадор на Македонија во НАТО, како едно од деветте кадровски решенија за дипломатско-конзуларните претставништва дефинирани на денешната владина седница.

На местото на Агнеса Руси Поповска во Софија заминува Крум Ефремов, директор за економска и јавна дипломатија во Министерството за надвофрешни работи, а на местото на Андреј Жерновски во Букурешт доаѓа Габриел Атанасов.

Нов амбасадор во Обединетото Кралство, ќе биде Илина Мангова, која доаѓа од невладиниот сектор и била дел од раководството на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).

Линда Салиеска Иљазоска од кабинетот на шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски е кандидатка за амбасадорка во Хаг.

Од претходно е познато дека Веле Трпевски ќе биде амбасадор во Тирана, Андријана Цветковиќ во Токио, Димитар Блажевски во Киев и Фадил Зендели во Копенхаген.

Најнови вести од: Македонија

Почнува судењето за Стојанче Јовановски

Обвинет е за три кривични дела – Телесна повреда,  односно телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, Загрозување на сигурноста, како и кривично дело Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство.

УЈП: Сивата економија ќе се сузбива преку засилена фискализација

Управата за јавни приходи (УЈП) започнува засилени контроли и мерки против даночните обврзници кои вршат деловна дејност и остваруваат промет со готовински плаќања, а притоа немаат регистрирано фискален систем на опрема.

Мицкоски: Реконструкцијата на охридскиот аеродром е историски настан за регионот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на почетокот на реконструкцијата, надградбата и проширувањето на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, оценувајќи го настанот како историски за Охрид, охридското крајбрежје и околните општини.

Охридскиот аеродром добива 4.500 м² нов простор – Николоски најави поголем капацитет за патници

Денеска започна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ – првото големо интервенирање на објектот од неговата изградба.

To top