Македонија

Муцунски: Европската интеграција да ги трансформира нашите институции, а не на нашиот идентитет

Шефот на македонската дипломатија со порака за учесниците на Бледскиот стратешки форум

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Тимчо Муцунски, на Бледскиот стратешки форум се заложи интеграцијата во Европската унија да ги трансформира македонските институции, а не македонскиот идентитет.

„Многу сме охрабрени од она што го слушаме од Брисел, потенцијално, за оваа нова визија за политиката на проширување и како таа ќе биде модернизирана за да се прилагоди на времето во кое живеем. Но, во нашиот регион не само што е правично да видиме акција, туку мислам дека заслужуваме да видиме акција поради тоа колку се посветени нашите општества и влади. Нашата единствена молба е да ја гледате европската интеграција како модел за трансформација на нашите институции, а не да се обидувате да ги трансформирате нашите идентитети. Осенувајте нè врз основа на заслуги и оценувајте нè во ова геополитички турбулентно време дали сме усогласени со надворешната и безбедносната политика на ЕУ“, порача Муцунски пред учесниците не Форумот.

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

To top