Македонија

Муцунски го осуди ракетирањето на Турција од Иран

Шефот на македонската дипломатија изрази целосна солидарност со сојузникот на Македонија во НАТО

Македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски изрази осуда за истреланата ракета од Иран кон Турција и солидарност со сојузникот во НАТО.

„Лансирањето ракета од страна на Иран кон Турција – НАТО-сојузник – е неприфатливо и дестабилизирачко. Ваквите акции го нарушуваат меѓународниот воздушен простор, ги ескалираат тензиите и ја поткопуваат регионалната стабилност. Ние сме целосно солидарни со Турција и повикуваме за итна деескалација и за целосно почитување на меѓународното право“, порача Муцунски преку социјалната мрежа Икс.

Најнови вести од: Македонија

Грчки „патриоти“ ја штитат и Македонија од евентуален напад од Иран

Атина ја презеде заштитата на македонскиот воздушен простор во рамките на НАТО, а на барање на Софија ја штити и Бугарија со распоредување батерија „патриоти“ на северот од земјата и со двојка ловци Ф-16

To top