Македонија

Муцунски: Во Еу според заслугите и со јасна цел

Ова му го соопштил шефот на македонската дипломатија, на денешната средба сом со Фернандо Мариано Сампедро Маркос, државен секретар за ЕУ во Министерството за надворешни работи, ЕУ и соработка на Шпанија

 

„Во фокусот на разговорите беа европската интеграција на Република Македонија и актуелните случувања во процесот на проширување на Европската Унија. Министерот Муцунски изрази благодарност за доследната и принципиелна поддршка од Шпанија за европската перспектива на земјата, како и за нејзината посветеност проширувањето да остане меѓу стратешките приоритети на Унијата“, соопшти Министерството.

Муцунски ја нагласил важноста од блиска соработка и координација со Шпанија во претстојните дискусии за иднината на политиката на проширување.

„Процесот на пристапување мора да остане кредибилен, предвидлив, еднаков за сите и заснован на заслуги, со јасна крајна цел – полноправно членство во ЕУ, паралелно со унапредувањето на практичните форми на постепена интеграција“, истакнал министерот.

Воедно, тој го информирал соговорникот за резултатите од спроведувањето на Реформската агенда и за посветеноста на Владата кон доследно спроведување на европските вредности и стандарди на национално ниво.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top