Македонија

Над 10.000 казни за „јавачите“ на две тркала

Полицијата одзеде 423 мотоцикли и електрични тротинети

 

Полицијата регистрираше вкупно 10.411 сообраќајни прекршоци во периодот од мај до август, за време на засилените контроли насочени кон возачите на електрични тротинети, велосипеди, мотоцикли, мопеди, трицикли и четирицикли.

Според Министерството за внатрешни работи, најголем број прекршоци – 7.303 – се однесувале на возење без заштитна кацига.
Надлежните исто така регистрирале 718 случаи на возење на несоодветни површини, 401 случај на управување со нерегистрирани или неосигурани возила и 322 случаи на неносење рефлектирачки елек.

Во овој период биле регистрирани и 619 кривични дела, главно поврзани со управување возило без важечка возачка дозвола.

Полицијата одзеде вкупно 423 возила,  од koi 20 електрични тротинети и 403 мотоцикли, мопеди и трицикли.

Од Министерството за внатрешни работи најавија дека овие засилени контроли ќе продолжат.

Најнови вести од: Македонија

To top