Македонија

Најчевска: Бараат гласови во странство за да станат градоначалници во празните села

По заканите на кандидатот за градоначалник на Брвеница

Професорката Мирјана Најчевска во објава на Фејсбук ги исмева „напорите“на извесни кандидати за градоначалници во општини во Македонија кои не сакаaле да препуштат друг избор за градоначалник на општина, убедени дека тоа е нивен историски простор.

Повод е воинствента изјава на извесен Хаќим Рамадани, актуелен директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа и кандидат на ВРЕДИ за претседател на општина Брвеница, откако премиерот Мицкоски најави дека ќе го разреши по изборите од функцијата бидејќи повиците за етничко гласање на Албанците е„себичен потег, кој им штети на другите кандидати на Вреди.“

Повеќе на линкот

Рамадани: Не ја давам општина Брвеница по ниедна цена, ќе го заштитам секој нејзин жител?!

 

 

Најнови вести од: Македонија

Милановиќ: Има живот и без ЕУ, и тоа успешен и достоинствен! – Македонија сама одлучува што е најдобро за неа и кој пат ќе го избере!

Има живот и без ЕУ, кажа хрватскиот претседател Зоран Милановиќ по средбата со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Загреб, осврнувајќи се на долгогодишниот процес на пристапување на Македонија кон ЕУ. Тој додаде дека на Македонија ѝ се поставуваат премногу услови и барања. Сиљановска-Давкова е во официјална посета на Република Хрватска.

Кривична пријава за четворицата битолчани, кои му се закануваа на министерот Тошковски, ем и снимајќи ја таа нивна „забава“!

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Ф.(59), М.Р.(48), Д.Ф.(45) и Ј.Ф.(41), сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна верска и друга дискриминаторска основа” и „поттикнување”.

Сиљановска-Давкова: Нема место за двојни стандарди во евроинтегрирањето, кое не смее да биде оптоварено со историски, јазични и идентитетски прашања!

На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Загреб беше пречекана од претседателот на Република Хрватска Зоран Милановиќ. Двајцата претседатели одржаа „лице-в-лице“ средба, по што следуваше пленарен состанок на македонската и хрватската делегација, кои во средиштето на вниманието ги ставија традиционално пријателските заемни односи. Со тоа започна дводневната официјална посета на Сиљановска-Давкова на Хрватска. На заедничката прес-конференција Сиљановска-Давкова истакна дека членството во Европската Унија останува една од стратешките определби на државата и се заблагодари за пријателскиот однос, поддршката и разбирањето од страна на Хрватска, како и за помошта во отворањето нови перспективи и можни решенија во процесот на европските интеграции.

Стручна расправа за предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање во Министерството за транспорт

Со измените во Правилникот се предвидува постапките за урбанизација за изградба на супермаркети и хипермаркети со површини над 5000 m2, да се одвиваат преку Министерството за транспорт

Најнови вести

To top