Македонија

Народeн правобранител: Судовите водат во повреда на правата на граѓаните

Најголем дел од претставките во делот на праводсудството се однесуваат на непочитување на законските рокови, за што и во изминатите години и во 2025 година има констатирано дека судските постапки траат предолго и не се води сметка за ефикасноста на постапките

 

Доцнење на дејствување или целосно отсуство на дејствување од страна на институциите по препораките на Народниот правобранител за повреда на правата на граѓаните, констатира Народниот правобранител во извештајот за минатата година.

Најголемиот дел од преставките доставени до Народниот правобранител во делот на повредата на правата на граѓаните се во областа на правосудството, реферираше во годишниот Извештај за 2025 година народниот правобранител Фатмир Сељами пред пратеници на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Сељами посочи дека најголем дел од претставките во делот на праводсудството се однесуваат на непочитување на законските рокови, за што и во изминатите години и во 2025 година има констатирано дека судските постапки траат предолго и не се води сметка за ефикасноста на постапките.

„Притоа странките не добиваат навремени известувања за статусот на нивните предмети. За работата на извршители, најголемиот дел од претставките на граѓаните се за дебоклада на нивните сметки, како и за износот на каматата на предметниот долг“, рече Сељами.

Пред пратениците истакна дека народниот правобранител во текот на минатата година разгледала 2.921 предмет, а од нив во институцијата биле примени и заведени во 2025 година вкупно 2.400 претставки, а 521 предмет биле пренесени од претходната година.

Дури и сега, повеќето права се кршат од страна на судовите, додека во речиси сите области бројот на случаи на повреда на правата се зголемува.

Така, од над 2.900 случаи што се примени, 1.810 се завршени, додека во над 400 од нив се утврдени повреди.

„Народниот правобранител, постапувајќи по индивидуални жалби, како и во претходните години, и минатата година констатира дека постапките во надлежните области траат предолго и дека ефикасноста на постапките не се зема предвид, во кој случај страните не добиваат навремени известувања за статусот на нивните случаи.“, изјави Народниот правобранител, Фатон Селами.

Извештајот на Народниот правобранител овој пат е подготвен за 2025 година, година во која институцијата работеше без избран Народен правобранител шест месеци.

Најнови вести од: Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

Национален дата центар е обврска од реформската агенда

Македонија веќе има дата цента во Прилеп. Но, тој не е основен, туку секундарен што значи во случај на евентуален сајбер напад на системот на поединечна институција, таму се чуваат податоците кај секундарниот. Сега секоја институција наоѓа начин како ќе ги чува своите податоци

To top