Македонија

Не може за едни 400, а за други 1.400 денари – Град Скопје става крај на повластените цени за паркинг

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави воспоставување на целосна дисциплина во секторот паркирање. Клучната новина е укинувањето на долгогодишната неправда каде администрацијата уживаше бенефиции на сметка на обичниот граѓанин.

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изјави дека не е планирано зголемување на цените за паркирање во главниот град, нагласувајќи дека фокусот на градските власти е воспоставување ред и еднаков третман за сите граѓани. На прес-конференција, Ѓорѓиевски одговори на новинарско прашање поврзано со цените на паркингот и повластените услови за одредени институции и вработени.

  • Има институции што плаќаат по повластени цени за паркинг, меѓу кои и вработени во Град Скопје, тоа нема да продолжи. Таква работа нема да има. Вработените овде земаат плата и тие се исти како сите останати граѓани во Скопје. Ќе си плаќаат колку што е утврдено – истакна Ѓорѓиевски.

Тој посочи дека е недозволиво дел од корисниците да плаќаат значително пониски суми за месечна карта, додека останатите граѓани плаќаат повисока цена.

  • Не може некој да плаќа 400 денари, а друг 1.400 денари за месечна карта. Секој ќе си плаќа ист износ. Тука толеранција нема да има. Но, тоа не значи зголемување на цените, туку воспоставување ред – нагласи градоначалникот.

Ѓорѓиевски најави и дека во план е воведување зонско паркирање на повеќе локации низ градот, со цел подобра организација на сообраќајот и поефикасно користење на паркинг-просторот.

Клучни промени во паркирањето:

  • Укинување на привилегиите: Вработените во Градот повеќе нема да плаќаат повластени суми од 400 денари за месечен билет. Отсега, за нив ќе важат истите цени како и за сите останати граѓани (1.400 денари).
  • Замрзнати цени: И покрај економските предизвици, градоначалникот потврди дека цената на паркингот за граѓаните нема да се зголемува.
  • Проширување на зоните: Зонското паркирање ќе се воведе на нови локации низ Скопје, со цел да се стави крај на сообраќајниот хаос и самоволното паркирање на тротоари и зелени површини.
  • Ред и контрола: Најавена е засилена контрола за да се овозможи полесен пристап до паркинг места за жителите во нивните сопствени маала.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top