Македонија

Нека му е светол патот на македонското новинарство

Збунувачка јавна комуникација

На новинарот и уредник на Радио Лидер Љупчо Златев му застанал здивот кога видел фотографија и објава на Нова Македонија за починат новинар.

Од објавата Златев помислил дека починал некогашниот директор на Нова Македонија Панде Колемишевски но насловот и сликата се однесувале на друг новинар, легенда на македонското дописничко новинарско.

,,На фејсбук ми се појави оваа објава на Нова Македонија.
За момент ми застана здивот и помислив дека починал Панде Колемишевски.
Кога ја отворив веста, со олеснување констатирав дека Панде е жив и здрав и дека напишал IN MEMORIAM за колегата Киро Кипровски, кој починал.
Кипровски не го познавав, но му верувам на Панде дека бил голем новинар.
Бог да го прости, нека му е светол патот.
На македонското новинарство очигледно патот не му е светол, чим илустрира ИН МЕМОРИАМ со живи луѓе…”, пишува шокираниот Златев.

Новинарската легенда Кипро Кипровски почина пред десетина дена

Повеќе на овој ЛИНК

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

Стружани за Велигден негуваат традицијата во која се преплетуваат литургиската свест, симболиката на празникот над празниците и културниот идентитет

Во деновите кога православните христијани со молитва и надеж го очекуваат Христовото воскресение, во охридско-струшкиот регион сè уште живее еден стар обичај длабоко вкоренет во духовната традиција

(Фото): Како ќе изгледа и кога ќе биде готова Универзална сала?!

Објектот беше значително оштетен во пожарот што избувна на 9 април 2024 година, само по еден месец откако, по пауза од две години, продолжија градежните работи за негова реконструкција. Од пожарот беше зафатена старата конструкција. Веднаш по пожарот, од градежната фирма посочија дека, најверојатно, се запалил стар кабел или некоја стара инсталација.

„ТАВ Македонија“ втора година по ред добитник на сертификатот Great Place To Work®

Компанијата Great Place To Work® е глобален авторитет за културата на работното место, којашто има 30 годишно искуство со револуционерни истражувања и податоци со кои им помага на многу компании да станат одлично место за работа за сите. Се фокусира на присуството на вработените и на лидерското однесување и докажано е дека обезбедува водечки приходи во пазарни услови, задржување на вработените и робустни иновации.

To top