Македонија

Нема да се смириме додека не ги исчистиме депониите – порача Ѓорѓиевски

Јас знам едно: овие проблеми не се посилни од нас. Тие се тест за нашата решителност. А ние имаме сила, имаме волја и што е најважно имаме план за сето ова – истакна Ѓорѓиевски

Скопје е заеднички дом на сите без поделби, рече вечерва Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Град Скопје на митинг во спортската сала „Јане Сандански“, со кој започна кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори.

Ѓорѓиевски истакна дека искуството општина како градоначалник на Кисела Вода, таа енергија и исполнети ветувања, го водат кон правиот пат, за уште поголем успех за поубаво и модерно Скопје.

– Скопје не е само град. Скопје е наш заеднички дом. Град на кој му припаѓа секој од вас, без разлика на партија, вера или националност. Имам кредибилитет и докажана работа зад мене. Имам биографија на исполнети ветувања и задоволни граѓани на мојата општина Кисела Вода. Тоа искуство, тоа наследство, таа енергија сега ја носам за цело Скопје. Затоа денес повторно ви велам. Јас сум Орце, јас сум прво човек, па дури потоа градоначалник – вели Ѓорѓиевски.

Тој ги истакна сите проблеми со кои се соочува Скопје, како дивите депонии, колапсот на јавниот превоз, метежот во сообраќајот, за кои, како што рече, тој има план, реални и остварливи решенија.

– Скопје денес се соочува со големи предизвици. Загаден воздух кој ни го краде здравјето, но мораме да го промениме тоа. Метеж во кој губиме часови, а не смееме да го прифатиме како непроменлив факт. Диви депонии што нè посрамотуваат, а нема да се смириме додека не ги исчистиме. Јавен превоз на раб на колапс, а сме град кој може подобро. Е, тоа време завршува! Јас знам едно: овие проблеми не се посилни од нас. Тие се тест за нашата решителност. А ние имаме сила, имаме волја и што е најважно имаме план за сето ова – истакна Ѓорѓиевски.

Зборуваше седумте столбови врз основа на кои е изградена програмата за Скопје, а кои воедно се и темелите за иднината на градот, за чист, зелен, модерен и достоинствен град.

– Првиот столб е одржлив урбан развој, ќе изработиме визија „Скопје 2025–2045, 20 годишен стратешки документ изготвен од меѓународни и наши експерти, кои во себе ќе ги интегрира просторното планирање, мобилноста, зелената инфраструктура, енергетската ефикасност, управувањето со ресурси, социјалната инклузија и заштитата на културно наследство, согласно европските стандарди за квалитет на живеење. Вториот столб е здрава животна средина, во првите 72 часа почнуваме со „Генералка на Скопје“. Третиот столб е целосна комунална и сообраќајна обнова, ќе ги довршиме сите запрени проекти, хаосот со паркирањето ќе го решиме со катни гаражи во Буњаковец и во Пролет и со монтажни паркинзи во сите критични населби. Четвртиот столб е културата, Скопје ќе биде Европска престолнина на културата во 2028 година. Ќе ја обновиме Универзалната сала и киното „Милениум“. Петтиот столб е дигитална трансформација, со паметната картичка „Skopje city go“ и со „Градски портал“, сите услуги ќе бидат достапни на едно место. Шестиот столб се младите и науката. Седмиот столб е јавната грижа и безбедноста, брз, ефикасен и достоинствен јавен превоз со нови, еколошки автобуси и градски воз кој ќе ги поврзе Драчево, Центар и Ѓорче Петров – рече Ѓорѓиевски, кој ја води кампањата под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top