Македонија

Нема доказ оти извор на стомачните инфекции е водата од градскиот водовод, вели градоначалникот на Гостивар

Засега нема лабораториски доказ дека стомачните тегоби се од водата, ама не ја пијте, им рече гостиварскиот градоначалник на жителите на градот.

Градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, се огласи по воведената привремена забрана за користење на водата за пиење од градскиот водовод, повикувајќи ги граѓаните да ја почитуваат мерката и да се информираат исклучиво од официјални извори. Во објава на социјалните мрежи, Лимани наведува дека според редовните анализи што ги спроведувало ЈП „Комуналец“, досега испитаните примероци покажувале дека параметрите на водата биле во рамките на законски дозволените вредности. Тој посочува дека по добиената пријава, Јавното обвинителство, полицијата и другите надлежни институции извршиле дополнителен увид и земале нови примероци за лабораториско испитување.

  • „До објавувањето на официјалните резултати, по препорака на Агенцијата за храна и ветеринарство, воведена е привремена забрана за користење на водата за пиење и за подготовка на храна. Апелирам оваа мерка целосно да се почитува. Таа е превентивна и е донесена заради заштита на здравјето на граѓаните“, наведува Лимани.

Во однос на тврдењата дека дошло до мешање на канализациска и водоводна вода, градоначалникот вели дека информациите од ЈП „Комуналец“ укажуваат оти на посочената локација нема канализациска мрежа, но додава дека сите наводи се предмет на проверка и дека конечната оценка ќе ја дадат надлежните институции. Лимани истакнува и дека во моментов нема официјален медицински или лабораториски доказ дека пријавените стомачни тегоби се предизвикани од водата од градскиот водовод.

  • „Причината мора да се утврди стручно и врз основа на релевантни анализи“, наведува тој.

Според градоначалникот, Општина Гостивар е во постојан контакт со сите надлежни институции и целосно соработува во постапката, а официјалните резултати ќе бидат јавно објавени веднаш штом бидат достапни.

  • „Ги повикувам граѓаните да останат смирени, да ја почитуваат привремената забрана и да се информираат од официјални извори. Во вакви моменти, одговорноста на институциите е да ги утврдат фактите, а одговорноста на сите нас е да не шириме непроверени информации“, порача Лимани.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top