Македонија

Нема веќе поправање на наставнички совет, за добра оценка ќе мора да се учи

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска во однос на новите законски измени за основно образование кои предвидуваат на наставнички совет повеќе да не можат да бидат поправени оценки, на денешната прес-конференција нагласи дека тоа е една порака и до учениците и до наставниците – ќе морат да преземаат нешто за да се зголеми квантумот […]

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска во однос на новите законски измени за основно образование кои предвидуваат на наставнички совет повеќе да не можат да бидат поправени оценки, на денешната прес-конференција нагласи дека тоа е една порака и до учениците и до наставниците – ќе морат да преземаат нешто за да се зголеми квантумот на знаење кај учениците.

-Сега учениците ќе знаат дека не можат тоа да го прават, но ќе знаат и родителите. Па затоа очекувам учениците малку повеќе да потрудат, а да престанат притисоците од родителите. Одреден број на наставниците кои им се наоѓале на услуга на родителите, исто ќе знаат дека на наставнички совет не може тоа да се прави. Огромен број на наставниците ја поздравуваат мерката, затоа што ќе бидат растеретени од притисокот. Пораката е јасна „Ако сакате добра оценка, мора да учите“. Доколку сакат да ја поправат оценката и сметат дека доуичиле, можат да излезат на испит пред комисија од тројца членови, да го полагаат испитот и ако добијат поголема оценка таа ќе им биде заведена во дневникот, рече министерката.
Јаневска ја објасни целата процедура за поправање на оценки доколку некој ученик не е задоволен од својата оценка.

-Станува збор за оние ученици на кои сите им се петки, а има една четворка, тогаш вообичаено Наставничкиот совет ја поправа четворката да стане петка и детето да стане скорз одличен. Сега тоа го нема. Детето има право да вложи приговор. И да рече „јас цела година учев и сметам дека мојата крајна оценка треба да е петка“. Комисијата треба да го испраша за целиот материјал. Тоа не треба да биде голем и тежок испит, но детето треба да помине низ целиот материјал  за да се докаже. Тоа нема време, во рок од три дена кога треба да се заврши процедурата, нема време да научи, туку ќе се процени фактичкото знаење. Тоа е така и на факултетите. Студентот кој не е задоволен од оценката, во рок од три дена може повторно да излезе на испит и да полага и да покаже дали заслужува повисока оценка. Така е тоа секаде низ светот, рече министерката Јаневска.
Според неа, ова би требало  учениците да ги стимулира да учат контринуирано, а не кампањнски само за да се поправа оценка.

-Психолозите велат дека контринуираното учење е потрајно, а дека кампањското децата полесно го забораваат. Веројатно од тука се и лошите резултати. За тоа и резултатите се пониски. Ќе си учат контринуирано цела година. А родителите ќе ги стимулираат да учаат, оти ако родителите имаат амбиција да ги запишат некаде ќе треба да ги стимулираат да учат, рече министерката Јаневска

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Нема да дозволиме профитерство, рече Мицкоски по средбата со газдите на маркетите

По средбата на претставниците на маркетите и премиерот во Владата е заклучено дека не треба да има ново зголемување на цените. Премиерот порача дека нема да се дозволи профитерство на грбот на граѓаните.

(Видео): Синдикатот за култура со кривична за министерот Љутков – тој пак тврди: Барањата за раст на платите се незаконски

Синдикатот за култура поднесе кривична пријава против министерот за култура, за злоупотреба на службената положба и кршење на правата на вработените. Според претседателката на синдикатот, Вера Атанасовска министерот со инструкции испратени по е-пошта се обидел да ги поткопа правата на вработените и колективните договори. Синдикатот наведува дека повеќе од 800 пријави се поднесени од вработените во културата и дека постојат правосилни судски одлуки во нивна корист.

Николоски од Вашингтон: Разговаравме за економска соработка, енергетската транзиција и изградба на коридори

На средбата со Даниел Лотон, заменик-помошник државен секретар за Европа, беше нагласено силното партнерство меѓу двете земји, засновано на меѓусебна поддршка и споделена посветеност на демократските вредности, како и на создавање подобри перспективи за економска и трговска соработка, соопшти Министерството за транспорт.

Кај судијата Ѓоко Ристов пронајдени судски предмети, кои не ги гибал сѐ до истекување на роковите, најверојатно за да застарат!

Судскиот совет констатира сериозни сомнежи за несовесно и нестручно постапување на судија од Апелациониот суд Скопје, поради неразумно одолжување на судски постапки што довело до апсолутна застареност на предмети. Во извештаите се наведува дека дел од предметите биле чувани во фиока сè до истекување на роковите за кривичен прогон. Иако на седницата не беше јавно посочено името на судијата, досегашните сознанија имплицираат дека е тоа судијата во Апелацискиот суд Ѓоко Ристов. Против него и порано беа поднесувани анонимни претставки до Судскиот совет.

Попов: Македонскиот јазик не е „вештачка конструкција“ и борбата за него не е завршена! Стратегиските партнери треба да помогнат за спорот со Бугарија!

–Официјализирањето на македонската азбука и на македонскиот стандарден јазик не е никаква „вештачка конструкција“, туку логичен тек на долговековниот просторен и временски континуитет на македонскиот јазик и неговите дијалекти на цела територија. Тој има долга историја и особен влог во рамките на групата на словенски јазици и светското јазично семејство. Но борбата за зачувување на македонскиот јазик не е завршена. Таа мора да трае и да продолжи пред меѓународните институции за човекови права бидејќи неговата официјална употреба од страна на деловите на македонскиот народ во соседните земји е оневозможена со преземените обврски со потпишаните меѓународни договори. “ – нагласи Живко Попов, претседателот на Македонската академија на науки уметности, денес во своето годишно обраќање. .

To top