Македонија

Незири: Одложеното гласање на Извештајот за Македонија е победа за нас

Ова го изјави политичкиот аналитичар Џелал Незири во „24 анализа“  додавајќи дека  на таков начин проблемот со Бугарија е вратен на европска агенда. „Јас мислам дека ако се оценуваат во еден таков жаргон мислам дека е победа за дипломатијата на Македонија од причина што успеа проблемот со Бугарија да го врати на европска агенда и […]

ФОТО ТВ24

Ова го изјави политичкиот аналитичар Џелал Незири во „24 анализа“  додавајќи дека  на таков начин проблемот со Бугарија е вратен на европска агенда.

„Јас мислам дека ако се оценуваат во еден таков жаргон мислам дека е победа за дипломатијата на Македонија од причина што успеа проблемот со Бугарија да го врати на европска агенда и да избоксува изјави од високи претставници на ЕУ со кои се наложуваат нови преговори со Бугарија.

Досега немало дебата кај нив од причина што на Бугарија и одговараше една ваква ситуација каде топката е на македонска страна. Македонија е надвор од процесот и цел процес се блокира во интерес на Бугарија.

Блокирањето на процесот е во интерес на Бугарија бидејќи не спомнуваат колку пасоши имаат земено нашите граѓани кај нив.

Времето не работи за Македонија, работи за Бугарија и затоа мислам дека е победа. Вајц е голем пријател на државата и еден вид лобист на европскиот парламент. Австриец е но живее на граница со Словенија и ги познава добро состојбите тука“, рече Незири.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски побара од Бугарија, како НАТО-партнер, да ѝ го испорача осудениот Михаилов, баран со потерница, кој се појавува на протести во Софија!

„Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството.“ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со Симеон Михаилов. Михаилов е осуден на 12 години затвор во Македонија, но избега пред да ја отслужи казната. Тој сега се појавува на бугарски телевизии и на протести во Софија, од каде што ја брани неговата ќерка Ива Михаилова, на која ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со еден загинат.

To top