Македонија

Николоски: Европската перспектива останува стратешки приоритет за Македонија

Фокусот на разговорите беа европската интеграција на земјата, реформскиот процес и чекорите што претстојат на патот кон полноправно членство во Европската Унија

Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со членови на Европскиот Парламент во рамки на 25- состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Македонија – Европска Унија.
Фокусот на разговорите беа европската интеграција на земјата, реформскиот процес и чекорите што претстојат на патот кон полноправно членство во Европската Унија.
На средбата беше разговарано за актуелните состојби и напредокот на Македонија во исполнувањето на обврските, како и за значењето на продолжувањето на реформите во клучните области поврзани со процесот на пристапување кон ЕУ.
Заменик претседателот Николоски информираше за конкретните активности што ги презема Владата во насока на унапредување на реформите, зајакнување на институциите и создавање услови за забрзување на европската интеграција.
На средбата беше истакната важноста од континуираниот дијалог со институциите на Европската Унија, како значаен партнер на Македонија во процесот на приближување кон европското семејство.
На средбата беше нотирано дека европската перспектива останува стратешки приоритет за државата, а продолжувањето на отворениот дијалог со европските институции е од особено значење за понатамошниот напредок на земјата.
Средбата претставуваше можност за размена на ставови за актуелните прашања, предизвиците и идните чекори во процесот на европската интеграција.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

ЗНАМ: Во моментов не постои уставна и законска основа да се полага правосудниот испит на албански јазик

„ЗНАМ ја разбира нервозата и хистеријата кај одредени претставници на моноетнички политички партии предизвикани од јасниот и принципиелен став на ЗНАМ дека правосудниот испит треба да се полага на македонски јазик, во согласност со Уставот и законите на државата.“ – соопшти денес Движењето ЗНАМ.

To top