Македонија

Новата шефица на ОЈО ГОКК: Нема да има интервенции во предмети, обвинителите ќе одлучуваат врз основа на закон и докази

Новоизбраната раководителка на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Искра Хаџи Василева, изјави дека притисоците врз обвинителите се реалност со која се соочува професијата, но оти носителите на обвинителската функција мора да останат отпорни и да одлучуваат исклучиво врз основа на закон, факти и докази.

Одговарајќи на новинарски прашања по рочиштето за случајот против судијата Ѓоко Ристов за нејзиниот избор, Хаџи Василева нагласи дека интегритетот е клучен за независното работење на обвинителите.

Веројатно е природно обвинителската работа по својата суштина да трпи некакви притисоци. Наше е како обвинители да бидеме отпорни и да ставаме граница на тие притисоци. Не треба да се плашиме, притисоците се веројатно дел од човечката природа, како и интегритетот, кој сум убедена дека е дел од голем број обвинители – истакна таа.

На прашање како би постапила доколку биде контактирана од носител на висока државна функција, меѓу кои и премиерот, Хаџи Василева рече дека институционалната комуникација е нормална, но не и евентуалните интервенции во конкретни предмети.

Органите и институциите не е ништо спорно да соработуваат и тоа е природно, логично и разумно. Ако мислите на некакви интервенции или ургенции, тоа е веќе друго прашање и се разбира дека ние сме по Устав самостојни и одлучуваме врз основа на право, факти и докази – нагласи Хаџи Василева.

Таа посочи дека формално функцијата ќе ја преземе по завршувањето на законските процедури во наредните две недели, по што ќе се посвети на организациските прашања и на зголемување на ефикасноста на кривичниот прогон.

Најнови вести од: Македонија

Ослободителна пресуда за Бојан Јовановски-Боки 13 по пет години судење за предметот „Меѓународен сојуз“

Апелацискиот суд во Скопје донесе ослободителна пресуда за Бојан Јовановски-Боки 13 во предметот „Меѓународен сојуз“, со што ја преиначил првостепената пресуда со која тој беше осуден на пет години затвор. Информацијата ја објави неговиот адвокат Сашко Дуковски. Ослободени се и другите кои беа обвинети во истиот случај.

Железници – Транспорт имаат само две употребливи локомотиви од вкупно 62 и 109 милиони евра загуба!

Со ревизијата на ЖРМ Транспорт АД Скопје за 2024 година е утврдено дека загубата за 2024 година изнесува 331,8 милиони денари, а заедно со пренесените загуби од претходните години достигнува 6,75 милијарди денари, односно 109, 115 милиони евра, соопшти Државниот завод за ревизија (ДЗР).

Осомничен од ИТ-сектор за пари менувал оценки, бодови, студентски досиеја

Во домот на осомничениот, според првичните информации, била пронајдена поголема сума пари, но засега нема потврда за точниот износ, ниту дали парите се поврзани со делата што се предмет на истрагата

ВМРО-ДПМНЕ: Каде беа кога пропаѓаше Еуростандард банка?

Јавноста се сеќава на Еуростандард банка, на сомнежите и прашањата за кредитирањето на фирми блиски до СДС и Заев, како и на повлекувањето на 250 илјади евра од страна на тогашната министерка за финансии Нина Ангеловска, непосредно пред затворањето на банката

To top