Македонија

Од денеска до недела „Генералка викенд“

Акцијата се одржува по шести пат и мобилизира десетици илјади волонтери од 80 општини, 600 организации, јавни институции и приватни компании

Официјалниот почеток на акцијата е закажан за денеска, а организаторите најавуваат присуство на претседателката на државата, градоначалникот на Град Скопје и министерот за животна средина.

Еко-акција „Генералка викен“д денеска официјално ќе биде отворена со прес-конференција позади Владата покрај кејот на реката Вардар.

Како што се наведува во соопштението на организаторите денеска, утре и задутре по шести пат ќе се одржи годишната и најмасовната еко-акција во земјава и целиот Балкан – Генералка викенд.

Настанот мобилизира десетици илјади волонтери од 80 општини, 600 организации, јавни институции и приватни компании.

На средбата со медиумите, се додава во соопштението, ќе присуствуваат претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, градоначалникот на Скопјe и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски амбасадорот на Австрија, Мартин Памер и министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа.

„Ова е најголемата логистичка операција досега за собирање отпад и подигнување на еколошката свест кај граѓаните. Генералка викенд прерасна во национална годишна  традиција која докажува дека грижата за татковината може да обедини луѓе од различни, општествени, културни и јавни средини,“ се вели во соопштението.

Акцијата ќе се спроведува трите дена истовремено на повеќе од 500 локации, во 80 општини низ целата земја. Овие еко акции се организирани и координирани од општините во соработка со Црвениот крст.

Официјалниот настан за отворањето денеска ќе го води Град Скопје со чистење на кејот на реката Вардар. Еко акцијата е организирана и поделена во осум тимови, на потегот од реката Лепенец до мостот „Киро Глигоров“ ќе бидат распоредени на северната и јужната страна на реката Вардар. Во соработка со Комунална хигиена и Паркови и зеленило ќе бидат мобилизирани стотици волонтери од приватни компании, институции и училишта за да ја исчистат најголемата зелена и рекреативна зона во главниот град.

Помеѓу многуте активности, се спроведуваат и посебни акции како што се чистење на дивите сметилишта во Националниот парк Шар Планина, предводени од 20 припадници на Вооружените сили на Р.С. Македонија, чувари на Националниот парк, експертски тим на австриската компанија за управување со отпад Саубермахер и локалното население. Предвидена е и еко акција во Охрид (Конгресен центар), за заштита на крајбрежјето, во соработка со студенти и професори од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Општина Охрид, клубовите Сороптимист Мома Охрид и Сороптимист Вадуц како дел од најстарата и најголема светска женска организација Сороптимист Интернешнл и со поддршка на Саубермахер.

Покрај сите активности за чистење на терен, преку соработката меѓу Министерството за образование и наука и УНИЦЕФ, еко-образовната програма „Еко час“ се спроведува во училиштата низ целата земја и во соработка со Генералка викенд.

Еко акцијата е волонтерска иницијатива, каде што учесниците се одговорни за сопствената безбедност и стана најголемата еколошка акција досега во нашата земја.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top