Македонија

Од говор на омраза до истрага: Обвинителството ќе постапува за заканите по видео-то за Амбасадата на Бугарија

Во насока на заложбите за заштита на безбедноста на новинарите и итно постапување за секое загрозување на медиумските слободи, Јавното обвинителство на Република Македонија, оформи предмет по допрен глас за утврдување на идентитетот и испитување на кривична одговорност кај повеќе лица кои преку коментари на социјалната мрежа Фејсбук упатиле сериозни закани кон новинарот и уредник во Канал 5 Телевизија – Александар Видиновски.

Јавното обвинителство на Република Македонија реагираше итно и оформи предмет по допрен глас за сериозните закани упатени кон новинарот и уредник во Канал 5, Александар Видиновски, преку коментари на Фејсбук.

Предметот е отворен за утврдување на идентитетот на сторителите и испитување на кривична одговорност.

Коментарите биле објавени под видео-прилог на Видиновски за непрописно паркирани возила пред објектот на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, а содржеле:

сериозни закани

говор на омраза

ксенофобични пораки

пораки што поттикнуваат национална и етничка нетрпеливост.

 

Обвинителството посочува дека станува збор за новинар и уредник кој работи на теми од јавен интерес, па предметот е веднаш предаден на Основното јавно обвинителство Скопје за понатамошно постапување по службена должност.
Ова е прв официјален чекор од обвинителството по реакциите на медиумските здруженија и новинарските организации кои го осудија заканите како директен напад врз слободата на изразување и безбедноста на новинарите.

 

Најнови вести од: Македонија

Изјавите на Пендаровски за употреба на албанскиот јазик не се точни

Особено е значајно јавни личности или лица кои вршеле високи државни функции и може да придонесат за креирање на јавната перцепција, да се воздржат од изнесување неточни или непроверени информации

To top