Македонија

Одобрен во целост обвинителниот акт за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Кривичен суд Скопје

Во целост е одобрен обвинителниот акт за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, соопшти денеска Основниот кривичен суд Скопје.

Судењето ќе се одржува во Основниот кривичен суд Скопје, соопшти Судот ценејќи дека по предметот треба да постапуваат „судии со стекнато искуство и познавање на кривичната материја кои ќе овозможат ефикасно, стручно и законито постапување, а воедно ќе придонесат за сензибилизирање на јавноста“.

„Со оглед дека станува збор за обвинителен акт во кој што има 37 обвинети лица кои што имаат 33 бранители, беше исклучително тешко да се достави обвинителниот акт до сите нив, особено од причина што на голем дел од нив мерките притвор беа заменети, па во моментот на достава Претседателот на советот за оцена имаше пречки за да може да утврди кој обвинет каква мерка има и каде се наоѓа за да може да се изврши доставата. Особено потешкотии имаше и доставата на делот од бранителите на кои и покрај тоа што им се најавуваше терминот на достава, сепак истите не беа пронајдени во нивните канцеларии. Доставата ја вршевме преку судските служби на Основен кривичен суд Скопје, сѐ со цел да не се одолговлечи истото доколку оди по редовна пошта“, се наведува во соопштението од Судот.

Оттаму додаваат дека дополнителен проблем при доставата се јавил поради тоа што во првично поднесениот обвинителен акт, пред тој да биде доуреден, во диспозитивот не биле целосно наведени личните податоци на обвинетите од страна на Основниот суд Кочани, како и решенијата за адресите каде се издржува мерката куќен притвор, што дополнително мораше да го проверува Кривичниот суд.

Но, и покрај сето тоа, од Судот велат дека се обиделе на најефикасен начин да ги исполнат сите законски обврски и да го оценат актот во предвидениот законски рок имајќи ја предвид сензибилноста на постапката, јавниот интерес и чувствителноста на над 250 оштетени лица и семејства на починатите во пожарот.

Како што се наведува во соопштението од Судот, Кривичниот суд во конкретната постапка ги ангажирал сите расположливи ресурси за навремено и законито постапување, за да не се создадат непотребни пропусти кои би ја компромитирале постапката.

Актот преку АКМИС системот бил распределен кај судијката Моника Бахчовановска, која постапувала како Претседател на советот за оценка на обвинителен акт.

Согласно Годишниот распоред во совет за оценка заедно со судијката Моника Бахчовановска, биле судиите Билјана Коцевска и судијата Бранка Наумовска.

„Овие две судијки побараа изземање од советот за оценка, бидејќи ќерката на судијата Билјана Коцевска – адвокат Ивана Коцевска е бранител на дел од осомничените, а судијата Бранка Наумовска е во роднинска врска со една од жртвите, причини што се предвидени во законот како основ за изземање. По изземањето на овие две судии, како судии кои што ќе постапуваат во фазата на оценка поставени се двајца судии од Специјализираното одделение за судење на кривични дела од областа на организираниот криминал и корупција и тоа судијата Софче Гаврилова Ефремов и судијата Илија Трпков. Нивното определување е на начин како што актите од одделението за организиран криминал и корупција ги оценуваат судии од одделот за кривично полнолетни (а ова е од причина што судиите кои што го оценувале актот не можат да учествуваат во постапка на главна расправа, а со цел да не се доведе Основниот кривичен суд Скопје како најголем суд во државата да нема судии кои што ќе постапуваат по овој предмет). Двата члена на советот за оценка се поставени по редослед според годишниот распоред, како што и е предвидено во Судскиот деловник“, се наведува во соопштението од Судот.

Советот за оценка донесе Решение К-ООА бр.155/25 на 03.10.2025 година со кое го одобри обвинителен акт во целост, по што се оформи кривичен предмет К.бр. 1872/25.

Од постапување во кривичниот совет изземен е и судијата Ивица Стефановски, од причина што како бранители во овој предмет се јавуваат неговата сестра и бранител со кој е во кумовска врска, додека пак судијата Елизабета Постоловска, која го нема законски предвиденото искуство, не може да постапува по овој предмет и поради сето тоа при распределбата на предметот овие судии се исклучени од автоматската распределба во АКМИС системот.

Предметот согласно АКМИС системот е распределен кај надлежен судија за понатамошно постапување, а за сите понатамошни процесни дејствија поврзани со конкретниот предмет, странките и јавноста ќе бидат известени, најавија од Судот.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

Стружани за Велигден негуваат традицијата во која се преплетуваат литургиската свест, симболиката на празникот над празниците и културниот идентитет

Во деновите кога православните христијани со молитва и надеж го очекуваат Христовото воскресение, во охридско-струшкиот регион сè уште живее еден стар обичај длабоко вкоренет во духовната традиција

(Фото): Како ќе изгледа и кога ќе биде готова Универзална сала?!

Објектот беше значително оштетен во пожарот што избувна на 9 април 2024 година, само по еден месец откако, по пауза од две години, продолжија градежните работи за негова реконструкција. Од пожарот беше зафатена старата конструкција. Веднаш по пожарот, од градежната фирма посочија дека, најверојатно, се запалил стар кабел или некоја стара инсталација.

„ТАВ Македонија“ втора година по ред добитник на сертификатот Great Place To Work®

Компанијата Great Place To Work® е глобален авторитет за културата на работното место, којашто има 30 годишно искуство со револуционерни истражувања и податоци со кои им помага на многу компании да станат одлично место за работа за сите. Се фокусира на присуството на вработените и на лидерското однесување и докажано е дека обезбедува водечки приходи во пазарни услови, задржување на вработените и робустни иновации.

Повеќе од 16.000 граѓани ја напуштиле држават апреку „Богородица“ и „Табановце“

Продолжениот викенд по повод празникот Велигден го зголеми метежот на граничните премини во земјава, а најголем метеж е забележан на премините Богородица и Табановце, каде во изминатите 24 часа поминале повеќе од 16 илјади патници, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лога се обидува да ѝ „држи“ на Сиљановска-Давкова, претседателката на РМ и уставно-правен експерт, „јавно предавање“ за правосудниот испит и за непостојната „државотворност на албанскиот народ“?!

„Синоќа во емисијата на ТВ 21 Сиљановска се обиде да ги избегне дискусиите и да ги изигра фактите поврзани, со правосудниот испит, изнесувајќи и неколку ставови, кои веќе се надминати како проблематика. Постои суштинска разлика, што оваа политичка класа со југословенско наследство, претставувана од Сиљановска, треба да ја разбере: албанскиот јазик не е ‘малцински јазик’, како што таа ‘погрешно’ го претставува во континуитет, туку е јазик на околу една третина од населението во оваа држава и на еден од државотворните народи, заедно со македонскиот народ.“ – наведува поранешниот министер за правда од ДУИ Кренар Лога, кој со оваа објава преку фејсбук, всушност, се обидува да ѝ „држи“ на претседателката на Република Македонија и уставно-правен експерт проф.д-р Гордана Сиљановска-Давкова “јавно предавање“ за правосудниот испит и за „државотворноста на албанскиот народ“ (?!), иако таква „државотворност“ не постои како уставно-правна категорија во македонската држава, зашто во неа единствено државотворен народ е само македонскиот народ! Неприфатливоста на интонацијата на Лога е и поради тоа што тој недолично фактички ѝ ја игнорира функцијата претседателка на Република Македонија на Гордана Сиљановска-Давкова и ѝ се обраќа само само по презиме.

To top