Македонија

Ограбен граѓанин – му се заканиле со „боксирач“

Основното јавно обвинителство во Скопје бара од Кривичниот суд да му изрече мерка притвор против 43-годишен маж, осомничен за разбојништво во Скопје. „Тој го извршил делото заедно со друго лице, по кое се трага. На 15 ноември, во близина на трговски центар во Скопје, двајцата бркале оштетен. Во еден момент, осомничениот го удрил оштетениот со […]

Основното јавно обвинителство во Скопје бара од Кривичниот суд да му изрече мерка притвор против 43-годишен маж, осомничен за разбојништво во Скопје.

„Тој го извршил делото заедно со друго лице, по кое се трага. На 15 ноември, во близина на трговски центар во Скопје, двајцата бркале оштетен. Во еден момент, осомничениот го удрил оштетениот со тупаница во главата, додека другиот напаѓач му се заканил со „боксирач“,

Додека му ја претресувале јакната, му пронашле и одзеле 8.800 денари. Го турнале на земја, го клоцале и се обиделе да му го скршат мобилниот телефон, по што избегале“, соопшти Обвинителството.

Јавниот обвинител доставил предлог до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Скопје за изрекување мерка притвор за 43-годишниот маж.

Најнови вести од: Македонија

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top