Македонија

Оливер Спасовски останува координатор на пратеничката група на СДСМ

Недоразбирања имало околу Резолуцијата за односите со Бугарија која СДСМ ја претстави непосредно пред почетокот на кампањата за локалните избори.

facebook.com/o.spasovski

 

Ова го потврди лидерот на партијата Венко Филипче, по информациите на дел од медиумите дека Спасовски побарал да биде разрешен од функцијата координатор.

Недоразбирања имало околу Резолуцијата за односите со Бугарија која СДСМ ја претстави непосредно пред почетокот на кампањата за локалните избори.

Спасовски не сака да биде координатор на пратеничката група на СДСМ

Недоразбирања имало околу Резолуцијата за односите со Бугарија која СДСМ ја претстави непосредно пред почетокот на кампањата за локалните избори.

-Станува збор за некои технички детали околу начинот на споделување со политичките партии на тој документ, рече Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање за „темапа Спасовски“,  Филипче рече дека Оливер Спасовски ќе остане координатор на пратеничката група на СДСМ .

„Тоа се случи помеѓу двата изборни круга. Меѓутоа, причина за тоа беше едно недоразбирање од техничка природа коешто го расчистивме во меѓувреме. Ја разбирам неговата реакција во однос на тоа прашање поради тоа што доведе до една, таква, не пријатна ситуација којашто ниту беше намерна, ниту тенденциозна. Како и да е, после разговорите, и после расчистување на тоа недоразбирање, сепак, Оливер Спасовски ќе остане координатор на пратеничка група“, рече Филипче.

Филипче најави и измени во Извршниот комитет на СДСМ кои ќе се направат идната недела кога ќе се избираат и двајца нови потпретседатели откако Ана Чупевска си поднесе оставка за време на изборниот молк пред вториот круг, а Методија Илиевски кој беше разрешен зашто среде избори заминал во странство.

„Ќе имаме едно заседавање на телата на партијата и тука ќе бидат назначени нови двајца потпретседатели и ќе имаме измени во Извршниот комитет на партијата. Тоа ќе се случи во текот на следната недела“. рече Филипче.

Најнови вести од: Македонија

Савески: За одлуката на Ристоска дознав преку смс-порака, повлекувањето на овластувањата не беше лично

Државниот јавен обвинител Ненад Савески изразува жалење за оставката на обвинителката Ленче Ристоска велејќи дека за причините за ваквата одлука дознал од медиумите. Тој тврди дека одлуката за одземање на овластувањата кои на Ристоска ѝ биле дадени од претходните обвинители не е персонална и насочена кон нејзината работа

„Алкалоид“ одликуван со плакета за најдолго котирано акционерско друштво на Македонската берза

По повод одбележувањето на јубилејот 30 години од почетокот на организираното тргување со хартии од вредност во Македонија, Македонската берза организираше свечен настан на кој присуствуваа претставници на институциите, финансискиот сектор, деловната заедница и долгогодишни партнери.

Ќе се примат 300 нови професионални војници во АРМ – Повик до младите да работат во служба на татковината!

Министерството за одбрана на Република Македонија денеска го објави новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници во служба на Армијата на Република Македонија.

Контроверзен бизнисмен на Заев му дал 300.000 евра за инженеринг на референдумот

Македонската јавност за постоењето на Миодраг Давидовиќ – Дака дозна во времето на власта на Зоран Заев во 2020 година, кога на социјалните мрежи излегоа аудиоснимки за тоа како токму Заев зел пари за да се види со него и да направат некаков бизнис

To top