Македонија

ОН: Македонија со петти најголем пад на населението во светот до 2100 година!

Во следните 75 години македонската држава ќе има 52 отсто помалку жители од сега, предвидува Светската организација

Населението во Македонија до 2100 година ќе се намали за 52 проценти, покажува извештајот на Одделот за економски и социјални работи на Обединетите нации (УНДЕСА) насловен „Перспективи на светската популација 2024: Резиме на резултатите“.

Врз основа на проектираните 1.813.791 жители до крајот на годинава, тоа подразбира дека по 75 години во Македонија ќе живеат помалку од еден милион луѓе или 943.171.

Според овој параметар, македонската држава е петтата најзагрозена во светот, од која полошо стојат само урнисаната со војна Украина со предвиден демографски пад од 61 отсто до крајот на веков, Албанија и Литванија со по 57 отсто и Босна и Херцеговина со 56 отсто.

Од земјите во регионот Црна Гора до 2100 година ќе има 48 проценти помалку жители отколку сега, Бугарија 47 отсто (3,5 милиони), Србија 45 отсто, Хрватска 44 отсто, Грција 37 отсто, Косово 35 отсто, Словенија 23 отсто итн.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top