Македонија

Откако јавно пукна секс-скандалот, Фатмир Дехари итно да ја повлече кандидатурата за Кичево

Обидите скандалот да се прикаже како „уцена“ или да се релативизира со тврдења за „фабрикувани материјали“ не можат да ја сменат фактичката состојба – штетата врз јавниот морал и довербата на граѓаните веќе е направена. Јавноста нема потреба од експертизи за да разбере што е достојно, а што не е за еден јавен претставник, соопшти Вреди.

Ниту една „експертиза“ не може да го измие политичкиот срам во Кичево, соопшти денеска коалицијата Вреди и побара кандидатот на Националната алијанса за интеграција, Фатмир Дехари да се повлече од изборната трка за градоначалник на Кичево.

  • „Скандалот што кружи по социјалните мрежи и медиумите, кој ја потресе јавноста во Кичево и пошироко, ја откри црната страна на политичката култура што две децении произведува срам наместо одговорност. Обидите ова да се прикаже како „уцена“ или да се релативизира со тврдења за „фабрикувани материјали“ не можат да ја сменат фактичката состојба, штетата врз јавниот морал и довербата на граѓаните веќе е направена. Јавноста нема потреба од експертизи за да разбере што е достојно, а што не е за еден јавен претставник“, соопшти Вреди.

Граѓаните на Кичево се доволно мудри да проценат сами и да го одбијат секој обид недостигот на достоинство да се прикрие со големи зборови, се додава во соопштението.

  • „Достоинството и јавниот морал не бараат експерти, туку луѓе со карактер. Во ваква ситуација, продолжувањето на кандидатурата не е веќе прашање на изборна трка, туку прашање на морал. Во интерес на граѓаните и на изборниот процес, кандидатот на НАИ треба веднаш да се повлече. Кичево заслужува луѓе со достоинство, а не со скандали“, соопшти коалицијата Вреди.

Во јавноста завчера излегоа аудио снимки од кои се слуша како градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари сексуално ги малтретира вработените во Општината.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Трагедијата во Кочани засекогаш ќе остане врежана во колективното сеќавање

Премиерот нагласи дека една година по трагедијата , нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат од трагедиите и да изградат посилен, побезбеден и похуман систем.

Муцунски: Успешно помогнавме во евакуација на наши државјани и на странски

Државата денес покажува институционален капацитет брзо и ефикасно да реагира во кризни ситуации, да ги заштити своите граѓани каде и да се наоѓаат, но и да им помогне на пријателските држави

Стојановски: Минималната плата ќе порасне толку колку ќе се договарат работодавачите и работниците

Усогласувањето на минималната плата потребно е да се изврши преку социјален дијалог, да се договарат синдикатите и работодавачите на двопартитен дијалог, а Владата ќе ја поддржи одлуката.

По Јутјуб и Вимео го избриша документарецот на ИРЛ поради кражба на авторски права

,,Истражувачката лабораторија” која според преходна судска пресуда не смеела да се претставува како медиум се обидела видеото со украдени материјали да го објави на друга видео мрежа

To top