Македонија

Паѓаа дрва, се откорнаа покриви од згради – невреме ја зафати Македонија

Скопскиот регион, но и делови од Македонија, попладнево беша погодени од силно невреме проследено со ветер и дожд, по што речиси истовремено избија повеќе пожари на отворен простор, видливи од голем дел од градот и предизвикувајќи вознемиреност кај граѓаните.

Скопскиот регион, но и делови од Македонија, беа погодени од силно невреме проследено со ветер и дожд, по што речиси истовремено избија повеќе пожари на отворен простор, видливи од голем дел од градот и предизвикувајќи вознемиреност кај граѓаните. Она што беше најлошо, во невремето проследено со силен ветер во скопската Општина Ѓорче Петров, на улицата Македонска Војска падна кров од дваесетметарска зграда, под чии остатоци се заробени две возила.

Градоначалникот на Општината Александар Стојкоски вели дека механизацијата е на терен и се чека да заврши увидот, по што ќе започне расчистувањето на остатоците. Во овој дел од општината е исклучена и електричната енергија. Повредени лица нема, но има голема материјална штета. Екипи на општината се на терен и отстрануваат паднати дрвја во Паркот во Ѓорче Петров, во населбата Даме Груев, во Ново Село во потегот накај Мага Паркот и на други места.

Во меѓу бреме, попладнево Битола и регионот беа зафатени од невреме пред се силен ветер и врнежи од дожд. Според информацијата од Автомото сојузот на Македонија во 16.10 часот поради паднати дрвја на патот, прекинат е сообраќајот на патниот правец ГП Mеџитлија-Битола.

Сообраќајот на патот Битола-Меџитлија во 18:50 часот е нормализиран.

Најнови вести од: Македонија

Савески најави повлекување на сите обвинителски овластувања: „Затекнавме хаос во обвинителството“

Не може шеф на вишо обвинителство да застапува обвинение во друго. Па или шефувај, или оди на судења застапувај. Морам да знам кој што работи и еднаш засекогаш да се стави ред во Обвинителството“, рече Савески

Младите инженери ѝ се потребни на Македонија, таа мора да ги задржи, како?!

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери, во организација на
Инженерската институција на Македонија. Во своето обраќање, министерката испрати пораки за улогата на инженерите во развојот на
државата, со посебен акцент на младите и жените како клучни носители на идните процеси.

ТАВ Македонија: 30 години од првиот лет Скопје-Виена со „Аустриан ерлајнс“

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата АДП останува силно посветена на континуираниот развој на воздушниот сообраќај во земјата, преку унапредување на аеродромската инфраструктура, привлекување нови авиокомпании и отворање нови дестинации, со цел да ја зацврсти позицијата на скопскиот и на охридскиот аеродром како регионални центри за поврзаност и економски развој.

УЈП: Нема нови даночни обврски за студентите, ниту оданочување на веќе оданочени суми

Според јавно достапните информации и прашањата доставени до Управата за јавни приходи, данокот кој исплатувачите го задржале и платиле на доходот исплатен на студентите, им е вратен на студентите од страна на Германската даночна администрација. Овој доход (бруто износ) согласно одредбите од Договорот за одбегнување на двојното оданочување со Германија и Законот за данокот на личен доход е предмет на оданочување во Македонија. За дополнителни информации, граѓаните можат да се информираат преку официјалната веб-страница на Управата за јавни приходи.

To top