Македонија

Пак грчки прекин на сообраќајот преку ГП „Богродица“ и “Меџитлија“

Блокадите на граничните премини во Грција започнаа на 30 ноември

Од Авто-мото сојузот (АМСМ), преминот „Ники“, или „Меџитлија“ од македонска страна, ќе биде затворен за товарни возила од 10 до 16 часот, додека „Евзони“ или „Богородица“ од 11 часот е затворен за сообраќај на сите видови возила.

Блокадите на граничните премини во Грција започнаа на 30 ноември.

Грчките земјоделци ги почнаа протестите поради зголемените трошоци за производство и ниските откупни цени, како и поради скандалот со европските земјоделски субвенции (ОПЕКЕПЕ), за кој бараат да се утврди политичка и кривична одговорност и да се вратат украдените средства на вистинските корисници.

Додека на овие гранични премини има застој во сообраќајот, на другите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања.

 

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top